Црна хроника
Камион излета од патот кај Раштак, загина еден човек
Во сообраќајна незгода еден човек загина, а двајца други се повредени по што се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, откако камион излетал од патот пред селото Раштак.
Несреќата се случила во понеделник околу 8.30 часот, кога камионот излетал од локалниот пат Црешево-Раштак, на влез во село Раштак.
Трагедијата се случила кога товарно моторно возило „ТАМ“ со скопски регистарски таблички кое носело песок од засега непознати причини излетало од коловозот, при што на самото место починал сопатникот, а возачот на камионот и уште еден сопатник се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Возачот и сопатниците скокнале од камионот, но сè уште нема детали како се случила несреќата.
Полицијата врши увид./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода 30-годишниот Д.Т. од Свети Николе и 25-годишната А.П. од село Горобинци, светиниколско.
При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и одземени се неколку пакувања со прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со цигла скршил стакло од прозорец и влегол да краде, го нападнал и сопственикот: истрага за разбојничка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик.
На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски”. Влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари и се обидел да го напушти местото.
Сопственикот на куќата го забележал и сакал да го спречи, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките во дворот и избегал.
Притвор е побаран поради опасноста од бегство, можност за влијание врз сведоците и оштетениот, како и ризикот осомничениот да го повторува делото.
Топ
Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата
МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар.
При судир на два автомобила, вчера загина едниот од возачите Ѓ.П.(35) од селото Дреново, и неговиот сопатник Б.П.(56) од истото село во Кавадаречко.
Другиот автомобил го управувал О.О.(31) од с.Тополница, радовишко, кој се здобил со тешки повреди. Меѓу повредените се и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко. Тешко повредени се и Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко.
Повредените се хоспитализирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.
По извршениот увид, Обвинителството вчера соопшти дека несреќата се случила за време на прекенување, а двата автомобили возеле во истата насока.

