Свет
Уапсен поранешен шеф на полицијата во Перу поради трговија со бебиња
Поранешниот шеф на полицијата во главниот град на Перу, Лима, Раул Бејкер, беше уапсен под обвинение дека бил вклучен во синџирот на трговија со бебиња во земјата, објавија официјалните претставници.
Обвинителството соопшти дека тој е еден од 15-те осомничени за продажба на бебиња и деца, кои им биле одзимани на сиромашните жени во земјата, објави АП.
Меѓу уапсените во индустрискиот град Арекипа, кој се наоѓа на околу 900 километри од Лима, има и гинеколози и педијатри.
Според полицискиот генерал Волтер Ортица, водачот на синџирот на трговијата со бебиња и деца е Синти Тејо, партнерка на поранешниот шеф на полицијата.
Во текот на полициската акција, покрај апсењето и претресот извршени во 18 куќи, исто така беше спасено и едно петмесечно бебе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

