Свет
(Видео) САД: Демократите го добија Претставничкиот дом, републиканците Сенатот
Според првите прелиминарни резултати од вчерашните избори во САД, демократите го добија мнозинството во Претставничкиот дом, додека републиканците го задржаа мнозинството во Сенатот, што значи дека тој и натаму останува во нивни раце.
Democrats win back control of the House of Representatives #Midterms2018
Republicans retain control of the Senate, with key victories in Indiana, Texas and North Dakota https://t.co/wcxBJFlbjn #ElectionNight pic.twitter.com/ZTaDBpqTgw
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) November 7, 2018
Американците на изборите за Конгрес ги избираат сите 435 пратеници во Претставничкиот дом, понатаму тие гласаа и за 35 од 100 претставници во Сенатот, како и за 36 гувернери во сојузните држави.
Како што објавија претходно американските медиуми, на овие избори повеќе од 39 милиони Американци гласаа порано, преку пошта или лично, со што беше скршен рекордот во 37 сојузни држави, а гласачите беа најмногу заинтересирани за прашања поврзани со здравствената заштита и имиграцијата.
Исто така, медиумите потенцираат и дека на овие избори бројот на избирачи кои гласаат за првпат е многу голем.
Според излезната анкета, која АП ја спроведе меѓу гласачите, претседателот Доналд Трамп за мнозинството беше еден од факторите во одлуката за гласање.
Повеќето гласачи сметаат дека земјата се движи во погрешна насока, додека две третини сè уште сметаат дека економската ситуација во САД е добра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.
Свет
Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.