Свет
Поранешната келнерка Александрија најмладaта американска конгресменка во историјата
Демократката Александрија Окасио-Кортес стана најмладата американска конгресменка во историјата. Александрија има само 29 години, порасна во Њујорк, а нејзиното семејство е од Порторико. Таа израснала во Бронкс, а пред својата политичка кариера работела како мајстор за коктели во угостителски објект за да му помогне на своето семејство. Дипломирала економски и меѓународни односи на Универзитетот во Бостон.
Се очекува младата демократка да биде гласот на милениумците во Конгресот на САД. На 26 јули Александрија во предизборите го победи својот противкандидат од Демократската партија, сенаторот Џозеф Кроули, со речиси 20-годишен мандат. Како што се очекуваше, со оглед на тоа што 14-тиот округ во Њујорк е, секако, син округ, каде што кандидатот на републиканците нема шанси да победи, Александрија успеа да влезе во Конгресот на САД по својата прва кандидатура во животот.
Кампањата активно ја водеше и на Инстаграм. Таа верува дека луѓето во доцните дваесетти и триесетти заслужуваат свое место на масата, со оглед на тоа дека пред нив е иднината и дека ќе треба да се справат со сите промени што следуваат во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

