Свет
Нигерискиот шиитски лидер негира дека поттикнувал насилство
Шиитскиот лидер Ибрахим Закзаки, пред судот во Кадуна, северна Нигерија, ги отфрли сите обвиненија против него вклучувајќи го и тоа дека поттикнувал насилство.
Тој беше уапсен во 2015 откако членови на неговата секта блокираа воен конвој, инцидент кој подоцна доведе до престрелки во кои беа убиени 300 шиитски муслимани.
Минатиот месец стотици шиитски демонстранти излегоа на улиците на главниот град Абуџа, барајќи Ибрахим Закзаки да биде ослобден.
Демонстрациите станаа насилни, а групите за човекови права ја обвинија војската дека убила 50 демонстранти. Полицијата тогаш уапси 400 шиитски муслимани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

