Македонија
Вељаноски до Заев: Посмирени сте од минатиот пат, ви требаа 80 патеници, а сега 61

„Во мое време 2 пати се менуваше Уставот со консензус меѓу власт и опозиција, а не како сега набрзина. Ви честитам што излеговте на чело на таа мала група и не се криевте, тоа е доблест и решивте да го менувате Уставот, да се самоукине Република Македонија“, му се обрати Трајко Вељаноски на премиерот Заев.
„Има поговорка дека слонот не се јаде цел, туку парче по парче, вие тоа го правите со Уставот. Во јуни велевте дека ќе нема промена на Уставот и многупати потоа изјавивте дека нема да се менува. Вие го променивте името и сакавте да се скриете зад граѓаните со консултативен референдум и покрај тоа не го слушате гласот на народот. Рековте дека пратениците може да поднесат амандмани, но во оваа фаза нема. Ние имаме само предлози и мислења, а не амандмани“, нагласи Вељаноски.
Тој му порача на Заев во третата фаза да направи сè како што треба и да не се плаши дека ќе запре процесот.
„Се плашам дека третата фаза ќе биде полоша. Не кажавте дека ќе се додава Рамковниот договор. Тоа го изјави Османи во ТВ-интервју. Како е заштитен идентитетот ако се викаме Северномакедонци? Да беше Северна пред Република ќе беше ОК“, истакна Вељаноски.
Кога се носат амандмани, рече Вељаноски, тие стапуваат веднаш во сила, не може да зависат од одлуките на други држави.
„Ве замолувам, повикајте ги од МАНУ и други историчари на јавна дискусија, да има поширока дебата, полесно ќе биде за нас како пратеници. Лошо е што ова се прави со математики и заткулисни игри, тоа има краток ефект, а ќе има трајни последици за Македонија“, заврши Вељаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска на ул. Будимпештанска 26А поради дефект во шахта (промена на вентил од ф 3/4), со прекинато водоснабдување ќе бидат ул. Осло, Хашка, Будимпештанска и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.(општина Карпош)
Македонија
Денес втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи денес, 1 август, со почеток во 12 часот.
Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска-Јорданова и Владо Спиридонов.
На втората седница на Советот за безбедност, на покана на претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Македонија
Сончево време со температура до 34 степени

Времето денес ќе биде потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени, јавува УХМР.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.