Контакт

Спорт

Не може да биде полошо за Монако! Уапсен газдата Риболовлјев

Рускиот сопственик на Монако, Дмитриј Риболовлјев е уапсен во кнежевството поради истрага за корупција и „перење“ над 1 милијарда долари, објавуваат француските медиуми, во уште еден удар за поранешниот француски шампион по катастрофалните резултати и …

Објавено пред

Рускиот сопственик на Монако, Дмитриј Риболовлјев, е уапсен во кнежевството поради истрага за корупција и перење над 1 милијарда долари, објавуваат француските медиуми во уште еден удар за поранешниот француски шампион по катастрофалните резултати и под водство на новиот тренер Тјери Анри.

dobivaj vesti na viber

Весникот „Ле Монд“ тврди дека Риболовлјев бил приведен во вторникот во Монако по што бил пребаран неговиот дом. Адвокатот Франк Мишел, кој го застапува швајцарскиот трговец со уметнички дела Ив Бувие, поднел барање за претрес на Риболовлјев поради обвинувања за перење пари што се фокусирани на адвокатот на Русинот.

Риболовлјев, кој своето богатство го заработи со производство на вештачко ѓубре, останува во притвор, а руската амбасада во Париз објави дека побарала детали од властите во Монако, но дека уште нема одговор.

Русинот го спаси Монако од банкрот во 2011 година по што имаше фантастичен успех – првин го врати клубот во првата француска лига, а потоа во 2016/2017 ја освоија и националната титула. Меѓутоа, оваа сезона по катастрофалниот старт, клубот е на 19. место во Лигата. Тјери Анри минатиот месец беше донесен како нов тренер, но тој нема победа во пет меча вклучувајќи го вчерашниот пораз од 0:4 дома од Клуб Бриж во Лигата на шампионите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јамал е меѓу 10-те најплатени во светот, листата ја предводи Роналдо

Објавено пред

18-годишниот фудбалер на Барселона и шпански репрезентативец Ламин Јамал влезе на листата на најплатени фудбалери. Магазинот „Форбс“, објави ранг-листа на која Јамал е на 10-то место, со заработка од 37 милиони евра во изминатата сезона.

dobivaj vesti na viber

Најголемата причина за таков скок на заработката на Јамал се потпишаните договори за спонзорство со голем број познати компании (Adidas, Konami, Powerade и Beats by Dre – брендот за слушалки порзан со музичкиот продуцент и поранешен рапер Др. Дре).

Јамал постигна 18 гола и забележа 25 асистенции минатата сезона.

Минатата година го освои Европското првенство со Шпанија и титулата шпански шампион и Кралскиот куп со Барселона. Тој потпиша и нов договор, кој го обврзува со Барселона до 2031 година.

Кристијано Роналдо е сè уште прв на листата на „Форбс“.

Португалецот заработи 240 милиони евра минатата сезона во Саудиска Арабија, играјќи за Ал Наср. На второто место е Лионел Меси со значително помала заработка од 110 милиони евра.

Рангирањето на најплатените фудбалери во последната сезона според Форбс:

1. Кристијано Роналдо (Ал-Наср): 240 милиони евра
2. Лионел Меси (Интер Мајами): 110 милиони евра
3. Карим Бензема (Ал-Итихад): 89 милиони евра
4. Килијан Мбапе (Реал Мадрид): 81 милион евра
5. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити): 60 милиони евра
6. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид): 51 милион евра
7. Мохамед Салах (Ливерпул): 47 милиони евра
8. Садио Мане (Ал-Наср): 37,5 милиони евра
9. Џуд Белингам (Реал Мадрид): 37,5 милиони евра
10. Ламин Јамал (Барселона): 37 милиони евра

Прикажи повеќе...

Спорт

Барселона води интензивни преговори со Влаховиќ

Објавено пред

Душан Влаховиќ (25), напаѓач на Јувентус и српската репрезентација и најскапиот фудбалер во историјата на таа земја, би можел да се пресели во Барселона во јануари.

dobivaj vesti na viber

Италијанските и шпанските медиуми пишуваат дека преговорите меѓу актуелниот шампион на Шпанија и централниот напаѓач на Јуве започнале во летниот преоден рок, но разговорите меѓу спортскиот директор на Барса, Деко, и менаџерот на Влаховиќ, Дарко Ристиќ, се интензивирале во последно време.

Истите извори додаваат дека се очекува преговорите да станат уште поконкретни до јануари. Причината за ова е што договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува на лето.

Планот на Деко е да го донесе наредното лето без обесштетување, но доколку постои шанса да го добие напаѓачот по дисконтна цена во јануари, тогаш во игра е и таа опција.

Влаховиќ е интересен за Барселона од две причини. Поради тешката финансиска ситуација бара напаѓач за кого ќе плати минимално или никакво обештетување. Исто така, клубот мора да најде напаѓач бидејќи договорот на Роберт Левандовски исто така истекува на лето, а тој има 37 години и штотуку претрпе сериозна повреда.

Затоа Барса го гледа Влаховиќ, кој е 12 години помлад и лесно достапен, како совршена замена за полската легенда.

Покрај тоа, Влаховиќ веќе некое време сака да го напушти Јувентус. Јувентус го донесе од Фиорентина во јануари 2022 година со надомест од 83,5 милиони евра, што го прави најскапиот српски фудбалер на сите времиња. Оттогаш, Влаховиќ постигна 62 гола и на 153 натпревари за Јувентус.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јувентус го прекрши финансискиот фер-плеј, УЕФА покрена постапка

Објавено пред

Јувентус потврди дека Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена постапка против клубот за кршење на финансискиот фер-плеј и очекува да биде казнет.

dobivaj vesti na viber

Јувентус очекува да биде казнет за кршење на правилата на УЕФА, што може да доведе до забрана или ограничување за потпишување нови играчи во сезоната 2026/27, објавија италијанските медиуми.

Црно-белите го потврдија прекршувањето во соопштение поврзано со објавувањето на билансот на состојба за финансиската година што заврши на 30 јуни 2025 година, бидејќи документацијата содржеше потврда дека клубот прекршил параметар од Правилото за заработка на фудбалерите.

На 18 септември, Јувентус доби потврда од УЕФА дека е покрената постапка против клубот за потенцијални прекршувања на правилата во периодите 2022/23 и 2024/25.

Исходот од таа постапка се очекува напролет 2026 година и може да доведе до казна, која не би била голема. Позагрижувачко би било воведувањето ограничувања за потпишување нови играчи за натпреварувањата на УЕФА.

Клубот од Торино во соопштение потврди дека нема понатамошни значајни прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј.

Клубот се држеше до коефициентот на трошоци за играчи од 80 проценти за 2024 година и е на добар пат да го исполни ограничувањето од 70 проценти за 2025 година.

Јувентус беше исфрлен од Конференциската лига во сезоната 2024/25, што им овозможи да се ослободат од финансиските неправилности што ги чинеа бодови во Серија А.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет2 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп-Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа2 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина...

Регион3 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет4 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија4 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет14 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија18 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија21 час

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија22 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија23 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија24 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија24 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа1 ден

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа1 ден

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...