Регион
Тачи: Попрво би водел дијалог со ѓаволот отколку со Вучиќ
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, пред продолжението на дијалогот со Србија изјави дека попрво би водел дијалог со ѓаволот отколку со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Во интервју за приштинската агенција „Косовапрес“, Тачи ги оцени тешки состаноците што ги има со Вучиќ.
„Очекувам уште тешки разговори затоа што мојот српски колега е тежок соговорник и истовремено оптоварен. Можам да кажам дека со поголемо задоволство би седнал на маса со еден ѓавол отколку со Александар Вучиќ затоа што тој со целиот свој потенцијал, целиот арсенал на Србија, работи на растурање на Косово како држава. Секако дека ќе го издржам тоа, но тое не е доволно во соочувањето со Србија“, вели Тачи.
Тој додава дека на утрешниот состанок во Брисел не може да дојде до договор и дека во неговата финализација ќе учествува целиот политички спектар.
Тачи оцени дека состанокот во Париз ќе биде дополнителна можност да се изрази неопходноста за постигнување мировен договор меѓу Косово и Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во Македонија и во Бугарија.
Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри североисточно од Врање, а потресот бил на длабочина од 14 километри и се почувствувал во 4 часот и 48 минути по локално време.
Регион
Пронајдено телото на уште една жртва од поплавите во БиХ, операцијата за извлекување е во тек
Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа Коњиќ, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон се искачи на 21. Операцијата за спасување е во тек.
Покрај 21 загинат во оваа област, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите, пренесува Н1.
Откако ќе заврши извлекувањето на телото, ќе следи идентификација, изјави за Н1 градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ.
Се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, а по едно во Коњиќ.
Регион
Протече изјавата дадена пред смртта на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
Далибор Драгијевиќ, брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ на 26 март во Бањско Поље, по апсењето дал изјава во Полициското одделение во Бор, но не бил сослушан од обвинителство затоа што починал додека бил во полициски притвор.
Во обвинението за убиството на Данка Илиќ, до кое дојде српски Телеграф, стои и изјавата на Далибор Драгијевиќ од полицијата во која тој го обвини својот брат дека го убил детето.
Тој на 6 април бил сослушан и рекол дека брат му Дејан Драгијевиќ на 26 март бил на работа во Водовод каде работел прва смена од 7 до 15 часот, а тој ден дошол дома во 15 часот и 30 минути.
„Забележав промени во неговото однесување, беше вознемирен. Не ми ја кажа причината за тоа, а подоцна слушнав на телевизија дека исчезнало дете во Бањско Поле. Дејан со своето пежо 3072 сина боја дојде дома, а потоа видов бела вреќа во багажникот на неговиот автомобил, Го прашав што има во неа, а тој ми рече дека има дете.
Не се чувствував добро, го прашав што прави, какво дете, а тој ми рече дека детето го прегазиле со автомобил и го земале. Тогаш тука беше и нашиот татко Радослав Драгијевиќ, ја виде и вреќата во багажникот“, изјави Драгијевиќ.
Како што е наведено во изјавата, тој го прашал својот брат Дејан што ќе прави, а потоа се договориле заедно да ја однесат вреќата со детето во напуштена куќа на новиот Злотски пат, што потоа заминале со автомобил и ја оставиле вреќата на приземјето од таа куќа, само ја спуштиле на подот, а потоа се вратиле дома.
„Не се сеќавам кој ден беше, но знам дека беше пред да го уапсат брат ми Дејан. Брат ми ми кажа дека вреќата со телото на детето ја зел од куќата каде што ја оставивме и со својот автомобил ја пренел и ја закопал некаде кај Брестовачкиот мост“, заклучил Драгијевиќ.
Инаку, обвинението кое беше покренато за убиството на Данка Илиќ се уште не е потврдено, а постои можност судот да го врати на дополнување.
Драгијевиќ и Јанковиќ, работници на комуналното претпријатие, беа уапсени на 4 април, а таткото и братот на Дејан, Радослав и Далибор Драгијевиќ, беа уапсени два дена подоцна бидејќи помогнале да се сокрие телото на девојчето.
Еден ден подоцна, на 7 април, Далибор Драгијевиќ почина во полициската станица во Бор.
Двајцата осомничени прво го признале убиството, а подоцна ги смениле исказите и рекле дека полицијата го изнудила признанието од нив.
Телото на Данка Илиќ до денес не е пронајдено.