Hitech
(Видео) Кинеската полиција користи софтвер за препознавање на луѓето по начинот на кој одат
Кинеските власти почнаа да применуваат нова алатка за надзор и идентификување на луѓето – софтвер за препознавање на формата на телото и начинот на одење на секој човек, дури и кога лицата им се скриени од камерите.
Софтверот веќе е во употреба на улиците во Пекинг и Шангај, а е дел од акцијата на Кина за развој на вештачка интелигенција и надзор врз основа на следење податоци. Акцијата кај многумина предизвикува загриженост поради целта за која се користи технологијата.
Хуанг Јонгжен, директор на компанијата „Ватрикс“, вели дека неговиот систем може да идентификува луѓе од далечина до 50 метри, дури и кога се свртени со грб или лицата им се покриени. Тоа може да ја пополни празнината на системот за препознавање лица кој бара слики со висока резолуција.
„Системот не може да се измами со намерно подгрбавено одење или на други начини“, тврди Хуанг, кој додава дека се анализираат сите карактеристики на целото тело. „Ватрикс“ минатиот месец соопшти дека се задолжила 14,5 милиони долари за да го забрза развојот и продажбата на својата технологија за препознавање на одот.
Ваквата технологија за препознавање на одот не е нова. Научниците во Јапонија, Велика Британија и американската Агенција за информациски системи за одбрана го истражувале препознавањето на одот подолго од десет години, обидувајќи се на разни начини да го победат скептицизмот кон можноста луѓето да се препознаваат по начинот на кој одат.
Професори од Универзитетот во Осака соработуваат од 2013 година со Државната полициска агенција на Јапонија на пробно користење на софтверот за препознавање на одот. Но, речиси никој не ја комерцијализирал оваа технологија, сè до сега.

„Тоа е компјутерски посложено од останатите биометрии“, изјави Марк Никсон, водечки експерт за препознавање на одот од Универзитетот Саутемптон во Велика Британија. „Потребни се поголеми компјутери за да се анализира одот затоа што за тоа се потребни повеќе фотографии, а не само една“, додава тој.
Прецизност од 94 отсто
Софтверот на „Ватрикс“ од видеоснимки ја извлекува силуетата на човекот и ги анализира неговите движења за да направи единствен модел на начинот на кој оди тоа лице. Системот, меѓутоа, сè уште не е во состојба да ги идентификува луѓето веднаш во реално време. Корисниците мора најпрво да внесат видео во програмата на која ѝ требаат 10 минути да анализира едночасовно видео. Програмата не функционира со снимки од посебни камери, туку може да користи снимки од обични камери за видеонадзор.
Иако софтверот не е толку добар како програмата за препознавање лица, Хуанг вели дека прецизноста од 94 отсто е доволно добра за комерцијална употреба. Тој предвидува софтверот за препознавање на одот да се користи заедно со софтверот за скенирање лица.
Кинеската полиција неодамна почна да користи очила со технологија за препознавање лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
Уредувањето на Instagram Stories никогаш не било полесно
Meta ги носи своите AI алатки за уредување директно во Instagram Stories. Корисниците сега можат да пишуваат команди за да додаваат или отстрануваат елементи или целосно да ја менуваат содржината.
Иако Meta претходно нудеше можности за уредување слики на Instagram, тие алатки беа ограничени на интеракција со Meta AI четботот. Додавањето текстуални команди во Stories сега ги прави овие функции многу подостапни.
Новите опции се наоѓаат во менито „Restyle“ што се појавува на врвот од екранот на Instagram Stories кога ќе ја допрете иконата со четка. За да едитирате слика, изберете „add“, „remove“ или „change“ и опишете што сакате да промените. На пример, Meta објаснува дека можете да побарате да ја промените бојата на косата, да додадете круна на главата или да вметнете зајдисонце во позадина.
Исто така, постојат претходно поставени ефекти што можат да ја променат вашата облека или стил на сликата. На пример, можете да додадете предмети како очила за сонце или кожна јакна или да примените ефект на акварел. За видеа, можете да направите да изгледа како да врне снег или да додадете пламен.
Важно е да се напомене дека кога користите Meta AI на Instagram, се согласувате со условите за користење на Meta за AI функциите, кои ѝ овозможуваат да ги анализира вашите медиуми и црти на лицето користејќи вештачка интелигенција.
Според тие услови, кога ги прикачувате вашите фотографии, Meta може „да сумира содржина, да менува слики и да генерира нова содржина врз основа на нив“.
Hitech
„Чат ГПТ“ ќе може да се користи за генерирање еротска содржина
„Опен АИ“ објави планови за ублажување на ограничувањата на својот четбот „Чат ГПТ“, вклучително и дозволување еротска содржина за потврдени возрасни корисници, во согласност со она што компанијата го нарекува „третирај ги возрасните корисници како возрасни“.
Планот на „Опен АИ“ вклучува објавување ажурирана верзија на „Чат ГПТ“, што ќе им овозможи на корисниците да ја приспособат личноста на нивниот ВИ (вештачка интелигенција) асистент – вклучувајќи опции за поприродни, „човечки“ одговори, поинтензивна употреба на емотикони или попријателско однесување. Најзначајната промена се очекува во декември кога „Опен АИ“ планира да воведе посеопфатен систем за верификација на возраста, што би дозволил еротска содржина само за корисници што потврдиле дека се полнолетни. Компанијата не објави веднаш детали за методите за верификација на возраста или дополнителни заштитни мерки за таква содржина.
Во септември „Опен АИ“ лансира специјална верзија на „Чат ГПТ“ за корисници под 18 години, која автоматски пренасочува кон содржина соодветна за возраста и блокира експлицитен и сексуален материјал.
Компанијата исто така објави развој на технологија што ја проценува возраста на корисникот врз основа на тоа како комуницира со „Чат ГПТ“.
Во објава на „Икс“, извршниот директор на „Опен АИ“, Сем Алтман, рече дека построгите заштитни мерки воведени поради проблеми со менталното здравје го направиле четботот „помалку корисен и забавен за многу корисници што немаат проблеми со менталното здравје“.
Построгите безбедносни контроли беа воведени откако Адам Реин, тинејџер од Калифорнија, изврши самоубиство оваа година; Неговите родители поднесоа тужба во август, тврдејќи дека „Чат ГПТ“ му дал конкретни совети за тоа како да го направи ова. Само два месеци подоцна, Алтман изјави дека компанијата успеала во ублажување на сериозни проблеми со менталното здравје.
Федералната трговска комисија на САД (FTC) исто така почна истрага за неколку технолошки компании, вклучувајќи ја и „Опен АИ“, за тоа како четботовите со вештачка интелигенција може негативно да влијаат врз децата и тинејџерите.
Hitech
Сточар на Солунска глава најде телефон изгубен пред четири години, а планинари го најдоа сопственикот
Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир од селото Горно Јаболчиште, раскажува на социјалните мрежи Игор Смилев, еко-активист од организацијата „Грин Пауер“ и советник во Општина Велес.
Смилев вели дека Јетмир, како чесен човек, го пријавил телефонот како изгубен, а неверојатно – по 4 години во планина, уредот успеал да се наполни и да работи делумно. Телефонот содржи сочувани СМС пораки и успеал да испрати неколку слики до планинари.
После еден месец објави на неколку Фејсбук групи, сопственикот на телефонот бил пронајден – Гоце Глигуровски од Битола, поранешен домар во сега веќе непостоечкиот Планинарски дом „Папрадиште“. Телефонот Гоце го добивал на користење од Емил Смилев.
„Фрапантно е што ‘Хуавеј’ телефонот преживеа 4 години во планина и сè уште е функционален“, додава Смилев.

