Свет
Украинските неонацисти ги обучуваат американските бели супрематисти
Неонацистичкиот Азовски баталјон од Украина учествувал во обучување и радикализација на бели супрематисти во САД, наведува ФБИ во еден неодамнешен обвинителен акт против неколку мажи од Калифорнија вклучени во насилството во Шарлотсвил, пренесува РТ.
Четири члена на „Издигни се над сите” (RAM), опишано од ФБИ како екстремистичка група за белата надмоќ, беа обвинети, меѓу другото, за заговор за немири во насилствата од август 2016 година во Шарлотсвил, Вирџинија.
Во писмената изјава, потпишана од специјалниот агент на ФБИ Скот Бирвирт, се вели дека 28-годишниот Роберт Рундо патувал во Германија, Италија и во Украина во пролетта 2018 година. Рундо, наводно, се сретнал со Олена Семенјака, една од официјалните лица на Националниот корпус – политичко крило на Азовскиот баталјон.
„Врз основа на мојата обука и искуство, знам дека Азовскиот баталјон е паравоена единица на Украинската национална гарда која е позната по својата поврзаност со неонацистичката идеологија и употребата на нацистичката симболика, и за која се верува дека учествуваше во обуката и ги радикализирањето на организациите за бела надмоќност во САД “, вели Бирвирт.
Азовскиот баталјон започна како паравоена група составена од десничарски националисти, но сега е дел од Министерството за внатрешни работи на Украина. Тој е под закрила на украинската влада, а нејзиниот поранешен командант Андреј Билицки сега е член на националниот парламент.
Високиот комесар за човекови права на ОН вели дека членовите на Азовскиот баталјон биле вмешани во разни злосторства за време на нивното распоредување во борбата против антивладините сили на истокот од Украина. Тие извршувале грабежи, незаконско притворање, силување и тортура.
Азов е далеку најозлогласениот од „доброволните баталјони” формирани во 2014 година откако неколку региони на Украина одбија да ѝ се потчинат на новата влада по насилното соборување на претседателот во Киев. Неговото лого вклучува „волчја кука“ што нацистичката партија првично ја користеше како симбол, и црно сонце, симбол креиран од лидерот на СС, Хајнрих Химлер, кое ги претставува дванаесетте „рунски симболи” на озлогласената нацистичка организација .
Иако американскиот Конгрес во 2015 година се обиде да го забрани обезбедувањето американската помош за Азов, администрацијата на Обама се ослободи од таа одредба во Законот за одбрана од 2016 година. Дотогаш единицата веќе беше официјално припоена во Националната гарда.
Иако одамна е познато дека Азов и другите украински милиции привлекоа доброволци со неонацистички симпатии од целиот свет, ова е првиот познат пример во кој американската влада тврди дека милицијата е вклучена во обуката и радикализацијата на американските екстремисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

