Свет
Москва не верува дека Скрипал е жив
Русија нема никакви податоци дека по инцидентот во Солзбери нема жртви. Сергеј Скрипал никој го нема видено, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Не знаеме ништо во врска со Солзбери. Дали имате податоци дека таму никој не загинал? Ние немаме. Еднаш на телевизија ја видовме Јулија Скрипал, еднаш за период од нешто повеќе од половина година, попатно појавување пред камера, при што дури не ни знаеме кој ја снимал и кој ѝ го пишувал текстот. А Сергеј Скрипал не сме го виделе. Немаме никакви информации за судбината на Сергеј Скрипал“, рече Захарова на редовниот брифинг со новинари.
Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март во Солзбери во јужна Англија беа отруени, а инцидентот предизвика меѓународен скандал. Лондон тврди дека Русија е вмешана во труењето. Москва категорично ги отфрли обвинувањата. Истрагата ја води антитерористичката единица на Скотланд јард.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.
Свет
Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина.
„За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што е соопштено, за време на состанокот, рускиот министер за одбрана истакнал дека групите војници продолжуваат да ги извршуваат задачите на оперативните линии во согласност со планот за специјална воена операција и укажал на потребата од дополнително зголемување на набавката на оружје, воена опрема и оружје, пренесува РИА Новости.
Свет
(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви
Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина.
Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, соопштија локалните власти.
Осумнаесет автомобили паднаа по падина откако се урна дел од автопатот, соопштија властите во градот Меиџоу во провинцијата Гуангдонг. Инцидентот се случил околу 02:00 часот. Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека слушнале силна бучава и виделе дупка отворена неколку метри зад нив, откако оделе дел од патот непосредно пред да се урне.
May 1: a section of the Meilong Expressway (梅龙高速公路) in Guangdong province collapsed at around 2:10am, and 18 vehicles fell into the sinkhole.
31 people were rescued and sent to the hospital. One of them died afterwards…https://t.co/X6QY2zwKdshttps://t.co/cKcJF8YwLB pic.twitter.com/8cUgXonCGR
— Byron Wan (@Byron_Wan) May 1, 2024
Видеото и фотографиите во локалните медиуми покажуваат чад и оган на местото на настанот. Спасувачите превезоа 30 лица во болница, објави државната телевизија CCTV.