Македонија
Таравари: Нема да паднеме на ниво на посмртни кампањи

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на прес-конференција изрази сочувство до семејството Меџити за губење на нивната ќерка и ги отфрли шпекулациите дека некој ќе има политичка корист од несреќата.
„И покрај гневот акумулиран овие денови, јас и мојот тим нема да паднеме на ниво на посмртни кампањи, ќе ја сочуваме почитта кон споменот за ова девојче и за семејството Меџити. Според полицискиот извештај, точно е појаснето зошто и како се случила несреќата. Сè што произлезе од шпекулациите што се поајвија побрзо од самата вест за смртта, не е точно“, рече Таравари.
Градоначалникот додаде дека несреќата не е предизвикана од никаква небрежност, туку од судбината што се поигрува со вакви трагедии.
„Би ве замолил да покажете респект во овие тешки часови за семејството Меџити. Особено ова барање го упатувам до оние кои се заслепени од копнежот за власт и сакаат да прават политика со човечка трагедија. Тука до мене требаше да биде таткото на починатата, но тој веќе три часа е во полицијата. Претпоставувам дека го држат во полиција со цел да се изврши квалитетна истрага и не е со некаква позадина за да не учествува на оваа прес-конференција“, рече Таравари.
Јас сум лекар по професија, додаде градоначалникот, но никогаш не научив како да бидам цврст во вакви случаи.
Џејха Меџити пред неколку дена падна во реката и се удави, бегајќи од куче скитник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.