Свет
Шест повредени по падот на „боинг“ на аеродромот во Гвајана
Авион на „Флај Џамејка ервејс“ на летот за Торонто со 126 патници имаше хидрауличен проблем наскоро по полетувањето и беше принуден принудно да слета на аеродромот „Чеди Џаган“ во Гвајана, пренесува „Спутник“.
Според извештаите, шестмина патници биле повредени кога авионот „боинг 757“ на „Флај Џамејка“ бил принуден да слета, при што ја надминал пистата и престанал да се движи кога се судрил со голема песочна бариера во близина на еден ендек.
Службите за итна помош биле веднаш испратени и успеале да ги извлечат сите патници и членови на екипажот. Според министерот за јавна инфраструктура на Гана, Дејвид Петерсон, шест патници се повредени, но повредите на патниците не се опасни по живот.
По инцидентот аеродромот беше затворен, но подоцна беше повторно отворен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

