Свет
Британскиот двоен агент Ким Филби доби свој плоштад во Москва
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во вторникот го наложи именувањето на плоштадот Ким Филби во квартот Јасеново, каде што се наоѓа седиштето на руската разузнавачка служба СВР.
Овој плоштад, кој е всушност повеќе крстосница на неколку важни улици во Јасеново отколку вистински плоштад, досега немаше име.
Именувањето се случува во време на големи тензии меѓу Русија и Велика Британија поради труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаљ во март.
Лондон ги обвини агентите на руската воена разузнавачка служба ГРУ за обид за убиство на поранешниот шпион.
Ким Филби беше најефикасен во групата што историчарите ја нарекуваат „Петорката од Кембриџ”. Пет поранешни студенти на престижниот британски универзитет беа регрутирани во триесеттите години од страна на Советите и тие повеќе децении работеа за Москва.

Кога му се закануваше опасност да биде откриен, Филби пребегна во СССР во јануари 1963 година. Тој живееше во Москва сè до својата смрт во 1988 година, но далеку од Јасенов.
Во Русија, а особено во разузнавачките кругови, Филби сè уште важи за херој. Шефот на СВР, Сергеј Наришкин, минатата година отвори изложба посветена на овој двоен агент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

