Спорт
Панатинаикос со пресврт до победа во грчкото дерби во Евролигата (видео)
Големото грчко дерби во Евролигата помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос ги исполни сите очекувања откако ПАО стигна до победа од 93:80 по неверојатниот пресврт во второто полувреме.
Олимпијакос имаше предност од +7 во првото полувреме, кога Јанис Тим ги „…


Големото грчко дерби во Евролигата помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос ги исполни сите очекувања откако ПАО стигна до победа од 93:80 по неверојатниот пресврт во второто полувреме.
Олимпијакос имаше предност од +7 во првото полувреме, кога Јанис Тим ги „растури“ домаќините, но паузата направи промена во играта на Панатинаикос и третата четвртина домаќините ја добија со 26:14, по што рутински го добија мечот. Лукас Лекавичиус имаше 17 поени за Панатаинаикос, додека Принтезис имаше 26 поени за тимот од Пиреја.
Будуќност останува без пораз во дебито во Евролигата откако на домашен терен загубија со 60:72 од Жалгирис, додека Барселона ја освои Москва, победувајќи со 87:80 кај Химки. Вицешампионот Фенербахче, пак се врати со +9 во последната четвртина за да извлече тесна 74:72 победа на гостувањето кај Басконија.
Фото: ЕПА
ЕВРОЛИГА, 6.КОЛО
Химки – Барселона 80:87 (23:19, 15:19, 21:29, 21:20)
Будуќност – Жалгирис Каунас 60:72 (15:18, 18:15, 15:24, 12:15)
Панатинаикос – Олимпијакос 93:80 (21:23, 20:25, 26:14, 26:18)
Басконија – Фенербахче 72:74 (20:18, 13:15, 22:15, 17:26)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
31 година без Аиртон Сена

На денешен ден пред 31 година на трката за Големата награда на Сан Марино во Формула 1, животот го загуби легендарниот Аиртон Сена.
Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, ако не и најдобар, почина на 34. годишна возраст откако ја изгуби контролата над својот болид и со брзина од 305 км/ч удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола.
Легендарниот Бразилец победи на 41 трка во кариерата, освои три шампионски титули и остана запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач на дожд на сите времиња.
На погребот на Сена присуствуваа повеќе од милион луѓе, а многу повеќе излегоа на улиците да му оддадат почит на Бразилецот.
„Господ долго време ја држеше рака над Формула 1. Овој викенд ја тргна“, коментираше легендарниот Ники Лауда во моментот на смртта на Сена.
За време на квалификациите за истата трка, само еден ден претходно, почина младиот австриски возач Роланд Расцрбергер, што беше прва смрт во Ф1 по речиси 12 години.
Сена не ја прифати добро смртта на Австриецот, на која потсети лекарскиот делегат Сид Воткинс, кој му рекол на Бразилецот да не се натпреварува на Имола.
„Аиртон полуде. Пред тоа немаше видено смрт на патеките. Во претходните 12 години имаше многу инциденти, многу повреди, но никој не загина“, рекол Воткинс, откривајќи што му рекол Сена кога го молел да не се трка и да замината на риболов“.
„Има одредени работи кои не можеме да ги контролираме. Не смеам да се откажам, морам да продолжам“.
Сена ја започна трката во пол-позицијата, а трката започна со безбедносно возило откако Педро Лами удри во болидот на Џеј Џеј Лехто.
Веќе во вториот круг по рестартот на трката, Сена со својот Вилијамс во кривината Тамбурело удри во бетонскиот ѕид.
Бразилецот беше пренесен во болница, а трката продолжи 37 минути по судирот и победи Михаел Шумахер.
Два и пол часа подоцна беше објавено дека Сена починал.
Тоа беше само трета трка на Сена во Вилијамс откако го напушти Мекларен, и многу се пишуваше за тоа неделно попладне, но само едно е сигурно.
Смртта на Сена целосно ја промени Формула 1: беа воведени многу поригорозни безбедносни проверки и се промени историјата на овој спорт.
Спорт
(Видео) Гобер им пресуди на Лејкерси – Минесота ги елиминира „езерџиите“

Кошаркарите на Минесота се пласираа во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, откако во петтиот натпревар од првото коло од плејофот ги совладаа Лејкерс во ос Анџелес со 103:96 на гостински терен.
Тимбервулвс ја добија серијата со вкупен резултат од 4:1.
Најефикасен во тимот на Минесота беше Руди Гобер со 27 поени, заедно со 24 скока (девет офанзивни). Џулиус Рендал додаде 23 поени, Ентони Едвардс имаше 15 поени, 11 скока, осум асистенции и три украдени топки, додека Никел Александар-Вокер постигна 10 поени.
Во тимот на Лејкерси, словенечкиот плејмејкер Лука Дончиќ беше најефикасен со 28 поени, на кои придодаде девет асистенции и седум скока.
Руи Хачимура додаде 23 поени, Леброн Џејмс запиша 22 поени, седум скока и шест асистенции.
Во полуфиналето на Западната конференција, Минесота ќе игра против победникот од серијата од првото коло помеѓу Хјустон и Голден Стејт, во која Рокетс вечерва намалија на 2:3, откако победија со 131:116 на домашен терен.
Спорт
Инзаги: Моравме тројца да ставиме на Јамал

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, на прес конференцијата по ремито со Барселона 3:3, го пофали настапот на Ламин Јамал.
Јамал постигна гол и двапати ја погоди гредата.
„Не сум видел играч како Јамал во последните осум или девет години. Моравме да ставиме тројца играчи до него, што отвори простор во другите делови од теренот. После тоа, неговото ниво малку падна“, рече Инзаги.
„Стратегијата на Барселона е ризична, но се исплати. Тие постигнаа повеќе од 150 гола, освоија два трофеи и сè уште се борат за два. Нашата изведба беше на многу високо ниво“, дополни тренерот на Интер.
Реваншот е закажан за вторник во Милано.