Топ
Пијан Охриѓанец замавнувал со нож во ноќен клуб
Синоќа по полноќ во ноќен клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, влегол 25-годишен маж кој извадил нож, по што почнал да вика, соопшти полицијата.
Одговорниот во клубот го тргнал мажот пред објектот и се обидел да му го одземе ножот, при што бил повреден на вториот прст од левата рака.
МВР укажа дека дваесет и петгодишникот бил приведен во полициска станица и при алкотестирање, кај него била констатирана голема количина на алкохол во крвта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје
Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри во поранешниот директор на „Охис“ Јорго Ќука кој со својот велосипед во тој момент се наоѓал на пешачки премин.
На осомничениот, кој има македонско и српско државјанство, му се одземени двете патни исправи и возачката дозвола, а му е изречена и забрана за напуштање на живеалиштето и обврска повремено да се јавува кај надлежен државен орган.
Обвинителството соопшти дека возачот управувал со неприлагодена брзина и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Пристигнувајќи на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, удрил во велосипедот управуван од Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот, Ќука се здобил со тешки повреди и подоцна починал.
Македонија
Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер
Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на Изет Меџити кој стана градоначалник на Општина Чаир.
За нов министер за животна средина и просторно планирање, на местото на Меџити, сè уште се одлучува.
Беким Сали претходно беше министер за здравство од 2022 до 2023 година.
Сулејмани истакна дека ВРЕДИ ќе продолжи да функционира како единствен политички субјект, без поделби по партии, како и досега.
Во осврт на изборните резултати, тој оцени дека локалните избори ја потврдиле новата политичка реалност во земјата и дека ВРЕДИ станува втора политичка сила на државно ниво, со доминација во албанскиот политички блок.
Како примери на успех, Сулејмани ги посочи победите на Билал Касами во Тетово, Фети Абази во Боговиње и Даут Мемиши во Теарце, а резултатот во Чаир го нарече јасна порака од граѓаните против старите политики.
Македонија
Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос
Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за проширување Марта Кос накратко спомена дека Северна Македонија е целосно усогласена со Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и дека продолжува со работата на деловите поврзани со Кластерот 1.
Северна Македонија мора да ги направи уставните измени за да го продолжи својот пат кон Европската Унија, порача таа.
„Северна Македонија, како што реков, остана целосно усогласена со CFSP (Заедничката надворешна и безбедносна политика) и ја продолжи техничката работа на Патоказите и на Акцискиот план поврзани со Кластерот 1, но земјата не презеде одлучни чекори да напредува во процесот на пристапните преговори во изминатата една година.
Таа мора да ги донесе уставните измени согласно заклучоците на Советот на Европа од 2022 година за да напредува на својот пат кон Европската Унија“, нагласи Кос.
Фото: принтскрин

