Спорт
Германец ги „реши“ Флензбург! ПСЖ на Раул со импресивна кам-бек победа
Пари Сен-Жермен ја продолжи победничката низа во ракометната Лига на шампиони, откако губеше во поголемиот дел од мечот со Флензбург за на крајот да стигне до шокантна 29:28 победа благодарение на голот на Германецот Уве Генсхајмер.
Германскиот клуб им…
Пари Сен-Жермен ја продолжи победничката низа во ракометната Лига на шампиони, откако губеше во поголемиот дел од мечот со Флензбург за на крајот да стигне до шокантна 29:28 победа благодарение на голот на Германецот Уве Генсхајмер.
Германскиот клуб имаше предност од три гола на полувреме (12:15), но во драматична завршница, клубот на поранешниот тренер на Вардар и актуелен македонски селектор, Раул Гонзалес не се предаде и стигна до седмата победа во исто толку меча во ЛШ за да се промовираат во први кандидати за освојувањето на титулата.
Генсхајмер заврши со осум голови, а Недим Ремили имаше шест, додека за Флензбург не беа доволни деветте гола на Симон Јепсен.
Кјелце пак, стигна до убедлива победа од 36:26 на гостувањето во Белорусија кај Мешков Брест декласирајќи ги домаќините, а Бјерингбро/Силкеборг остана непоразен во групата Ц (каде што е и Металург) со 30:24 гостинска победа кај Чеховски медведи.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 7.КОЛО
Чеховски медведи – Бјерингбро/Силкеборг 24:30 (10:16)
Мешков Брест – Виве Кјелце 26:36 (13:15)
Пари Сен-Жермен – Флензбург 29:28 (12:15)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Филоџин од Астон Вила ги засили „трактористите“
Џејден Филоџин се пресели од Астон Вила во Ипсвич и стана најскапото засилување во историјата на клубот. Крилниот напаѓач потпиша четиригодишен договор со повратникот во Премиер лигата.
Ипсвич плати 23,7 милиони евра за 22-годишниот играч, што е за 200.000 евра повеќе од нивното највредно засилување досега (Омари Хачинсон).
Филоџен кариерата ја започна во Астон Вила, играше на позајмици во Стоук и Кардиф.
Крилниот напаѓач одигра само 15 натпревари за Астон Вила во сите натпреварувања оваа сезона, но започна само три натпревари.
Спорт
НБА-засилувањa пристигнуваат во Реал Мадрид
Американскиот кошаркар Денис Смит Јуниор е нов играч на Реал Мадрид, објави веб-страницата на Евролигата.
Овој 27-годишен плејмејкер потпиша договор со Реал до крајот на сезоната, а ќе го носи дресот со број четири.
Смит во својата досегашна кариера играше во НБА за Далас, Њујорк Никс, Детроит, Портланд, Шарлот и Бруклин. Во НБА лигата одигра 326 натпревари, со просек од 9,7 поени, 4,2 асистенции, три скока и 1,2 украдени топки.
Минатата сезона во Бруклин имаше просек од 6,6 поени по натпревар, заедно со 3,6 асистенции, 2,9 скока и 1,2 украдени топки.
Реал Мадрид по 21 одигран натпревар е на седмото место во поредокот на Евролигата со 12 победи и девет порази.
Следниот натпревар Реал го игра вечерва на домашен терен против Олимпијакос (20.45 часот).
Спорт
Напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ќе го засили Динамо Загреб
Фудбалскиот клуб Динамо Загреб најде центарфор за пролетниот дел од сезоната, а тоа е Вилфрид Канга (26) од Брегот на Слоновата Коска.
Станува збор за напаѓач на Херта кој е на позајмица во Кардиф. Тој треба да потпише тригодишен договор со Динамо.
Неговата вредност според „Трансфермаркт“ е околу 3,5 милиони евра, тој е класичен напаѓач, висок 189 сантиметри, а го опишуваат како силен и брз.
Целата зделка ќе го чини Динамо околу три милиони евра, откако Извршниот одбор на клубот даде зелено светло за реализиција на трансферот.
Очигледно Динамо сакаше да го донесе Канга на позајмица, но напаѓачот сакаше комплетен трансфер.
Работите не му одеа најдобро во Кардиф во есенскиот дел од сезоната. Одигра 15 натпревари, но само на почетокот беше во стартниот состав, а потоа доби мала минутажа.
Во текот на кариерата, покрај за Кардиф и Херта, играше и за Јанг Бојс, Стандард, Анже, Кајзериспор.