Вести
Во Тел Авив напад врз Изралец, протести во арапските села

Во напад близу железничката станица во Тел Авив кој им се припишува на Палестинците , со нож во понеделникот е избоден Израелец и во критична состојба е префрлен во болница, а истовремено во арапските села во северниот дел од земјата започнаа протести на илјадници ученици и студенти кои бараат од властите суспендирање и казнување на полицаецот кој пред два дена уби 22-годишен Палестинец.
По пукањето во саботата наутро, многу млади Палестинци започнаа да се собираат на протести во неколку арапски израелски градови, како и во Ерусалим, Незадоволството го искажуваат со блокирање на улиците, фрлање камења, петарди и запаливи бомби, како и со подметнување пожари во контејнери за отпад.
Најмалку 24 лица, меѓу кои десетина малолетници, се уапсени во и во близната на селото Кфар Кане во кој во саботата наутро беше убиен Кеир Хамдан, соопшти израелската полиција.
Во неделата, пак, палестинските Арапи коишто имаат израелско државјанство и сочинуваат 20 отсто од вкупно осум милиони жители на Израел прогласија генерален штрајк како одговор на претходното пукање. На универзитет во Хаифа и во Тел Авив во неделата протестираа многубројни арапски студенти.
Снимките од надзорните камери од местото на коешто во саботата се случи инцидентот прикажуваа момче коешто трча кон полициско комбе мавтајќи повеќепати со предмет кој наликува на нож пред стаклата на возилото. Полицијата на него пукала откако се оддалечил од полициското комбе што предизвика големо незадоволство меѓу израелската арапска популација, која ја обвинува полицијата дека лесно посегнува по оружјето кога станува збор за неверејски напаѓачи.
Министерот за внатрешни работи Јицак Аганорович изјави дека во целост ги поддржува полициските акции, со аргумент дека припадниците на безбедносните сили во вакви ситуации морат брзо да дејствуваат.
Во последните неколку седмици , во источен Ерусалим, на Западниот брег и во Израел се одвиваа многу протести, што ги поттикнува стравувањата од нова палестинска интифада против израелската окупација./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.