Црна хроника
Казнети 138 возачи поради пребрзо возење
Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 31 сообраќајна незгода, од кои три со тешки телесни повреди, 11 со телесни повреди и 17 со материјална штета.
При сообраќајните незгоди три лица добиле тешки телесни повреди и 17 лесни телесни повреди. Потоа, 138 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 95 возачи бидејќи 40 го управувале возилото под дејство на алкохол, 43 возачи управувале возило пред да стекнат право на управување моторно возило и 12 биле возачи почетници.
Од сообраќај се исклучени 32 возила бидејќи 31 возило било нерегистрирано и едно технички неисправно. Исто така, санкционирани се и пет возачи што поминале на црвено светло, тројца не дале првенство на минување пешаци, тројца неправилно се престроиле, двајца неправилно престигнувале и еден не дал првенство на минување возила. Во текот на изминатите денови издадени се 189 мандатни платни налози, а исто така 119 возила се подигнати со „пајакот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

