Економија
Француско село што профитира на необичен начин
Во француското селото Ле Перт, кое се наоѓа недалеку од границата со Шпанија, живеат околу 586 жители.
Жителите на ова село профитираат само затоа што тоа се наоѓа на границата со Шпанија. Така, жителите од околните региони стигнуваат до селото, ги паркираат автомобилите и потоа пеш одат во Шпанија. Таму купуваат храна, апарати за домаќинство, облека и сè што можe да се најде по поевтини цени отколку на француската страна.
Така, жителите на ова мало село најмногу профитираат од местата за паркирање.
Најновите статистички податоци покажуваат дека ова село остварува приход од 780 илјади евра од паркинг-местата, што е околу 1.350 евра на жител.
Поради ова, општинските власти одлучиле да го укинат данокот за жителите на селото. Треба да се напомене дека оваа година граѓаните морало да платат над 320 илјади евра во данок на имот, па ваквата одлука многу позитивно ќе влијание врз нивните животи. Одлуката набргу и официјално ќе стапи во сила и профитот од паркингот ќе им ги плати даноците на населението, а со вишокот пари ќе бидат реновирани училиштето, паркот и медицинскиот центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поени.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.