Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе распише оглас за нови членови

Владата не само што не нуди решенија туку само ги продлабочува проблемите, обвини на денешната прес-конференција генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Нема напредок во ниту едно поле и област. Освен, секако, во криминалот и корупцијата, тоа е единственото нешто што знае да го прави хунтата на Заев. Името, идентитетот, достоинството на македонските граѓани, за оваа власт не значи ништо и нема ништо свето. Наша обврска како партија е да се спротивставиме на ваквото назадување. Преку понуда, проекти, нудење решенија. Постои сè поголем интерес на луѓе, квалитетни поединци, што ја сакаат Македонија и сакаат да помогнат и да дадат свој придонес на тој план“, изјави Јанушев.
Токму затоа, вели Јанушев, ќе работиме на дополнително унапредување на капацитетите што ќе нудат решенија и предлози, но и кои ќе изработат сопствена понуда ангажирајќи ги најдобрите капацитети и најдобрите поединци и професионалци во оваа држава.
„Во таа насока на последната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за распишување јавен повик: за интерес за кандидирање членови на републичките комисии на ВМРО-ДПМНЕ. Повикот ќе трае до 15 декември 2018 година. Се поттикнуваат сите оние што ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија, како и оние што се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата, да се пријават“, изјави Јанушев.
Генералниот секретар на партијата исто така посочи дека покрај ова, втората одлука што биле донесена на последната седница на ЦК е одлука за спроведување ажурирање на членството во партијата. Ажурирањето ќе почне од 1 декември и ќе трае 3 месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.