Македонија
(Видео) Стоилковски: Правосудниот систем работи по системот Заев – живи луѓе ќе јадеме
„Во Република Македонија не постои судство, ниту правен систем, постои Кацарска-џубокс за исполнување на нарачаните желби и пресуди на единствениот во Европа криминоген, однароден, аболиран и помилуван премиер Зоран Заев за организирање политички прогон. За македонскиот судски систем, повеќе не важи максимата: ‘Правдата е слепа’, туку во македонските судници под симболот на тасот слободно се чита: ‘Апсениот Заев рече живи луѓе ќе јадеме’. Нема аргументи, нема факти, нема докази – има само нарачка, диктат на властодржецот и желба на Кацарска-судството за што подлабоко задоволување“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, во налетот на осветољубивоста и желба за изедначување залудни се обидите на ова џубокс Кацарска-судство и СДССМ кого било од ВМРО-ДПМНЕ, од поранешното и актуелното раководство, да го изедначи во очите на јавноста со криминогениот Заев и однародената влада.
„Зоран Заев не го признаваше судството за случајот ‘Глобал’. Зоран Заев не го признаваше судството за случајот ‘Пуч’. Зоран Заев не го признаваше судството за ‘Поткуп’ – фино аудио-видеодокументиран, со судски налог. Сега, Заев, со целиот криминоген габарит, стана главен реформатор на судството, ослободен, помилуван, аболиран – вели не се мешал во судството! Апсурд!“
Документите, т.е. обвинителниот акт за почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски – велат ниту има штета ниту има материјална корист. Има само набавено возило за потребите на Република Македонија, чиј безбедносен сертификат ги задоволува барањата за странските гости, ама и за владиниот кабинет. Па, нели, ќе го продаваа за да спасуваат болни деца? Нели го изложуваа таков гребен, гнасен, никаков?
Партизираното судство во пупката на Заев не може да мине необележан за овој период и за пресудите и однесувањата во нарачаните партиски чистки. Партиското судство се стави во улога на џелат, во улога на страшило за секој оној што мисли поинаку од извршната власт. Наместо правда и судство во заштита на правата на граѓаните, Република Македонија доживеа џелат и апо за слободоумните и правдољубивите!“, вели Стоилковски.
Тој додаде дека што и да направи, што и да помисли нарачателот, што и да измисли Кацарска-судството, еден факт ќе остане непроменет – ВМРО-ДПМНЕ не учествува во обезличувањето на македонскиот народ, на бришењето на македонската историја, на одземањето на името Македонија од Македонците и предавањето на соседите. А тоа е главната цел, тоа е главната болка.
„Почитувани, употребната вредност на овој криминоген и однароден нарачател, диктирач на судски пресуди, бргу ќе мине. За тоа какви ли пресуди ќе носат потоа за сите криминогени дејанија на оваа актуелна власт, во голем процент ќе зависи од нивните постапки денеска. Но, секако, ќе остане срамот на судската фела, на судството и правниот систем во целина, запаметен како период на коалиција ‘Кацарска-судство и Заев нарачателот’ за организиран политички прогон против опозицијата“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

