Свет
Израел изврши напад врз седиштето на телевизијата „Ал акса“

Израелските сили синоќа изведоа воздушен напад врз седиштето на телевизијата „Ал акса“ во Газа, која е во сопственост на движењето Хамас.
Израелските воени авиони наводно испалиле 10 ракети кон седиштето. Во нападот целосно е урнат објектот.
Преносот на „Ал акса“ во еден момент прекинал, но подоцна продолжил од друга локација.
Израел, поради зголемените тензии во појасот Газа, им испрати тенкови на своите единици кои се наоѓаат во пограничното подрачје.
Израелската војска вчера почна и воздушни напади врз Газа откако ракета испалена од појасот погоди автобус на израелска територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русите им ги предадоа на Украинците телата на над 900 загинати војници

Украина и Русија повторно разменија тела на војници, соопшти денес Киев.
Украинските власти одговорни за воените заробеници соопштија дека телата на 909 убиени војници се примени од Русија. Војниците, според извештаите, биле убиени во источните украински региони Донецк, Луганск, Запорожје, Суми и Харков.
Некои беа примени и од мртовечници во Русија, а украинските сили неодамна беа истиснати од граничниот регион Курск. Руските медиуми наведуваат дека Москва ги примила телата на 41 војник во размената.
Предавањето, најавено за Велики петок, беше извршено со посредство на Меѓународниот Црвен крст, соопштија украинските власти.
Регион
Вучиќ бои јајца за студентите: „Се восхитувам на храброста што ја покажуваат учениците кои сакаат да учат, им бојам јајца

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео на својот Инстаграм профил во кое бојадисува јајца за Велигден за да им ги однесе на студентите кои сакаат да учат во Пионирскиот парк.
„Се восхитувам на храброста што ја покажуваат студентите кои сакаат да учат. Затоа им бојам јајца и им ги носам. П.С. Само да знаете, оваа престилка ѝ припаѓа на г-ѓа Јока, а таа е таа важна личност, апсолутно најважната за нас овде“, се вели во описот на видеото.
Свет
Невремето во Италија ги зема првите жртви: три лица загинаа, десетици луѓе се евакуирани

Телата на две лица кои беа пријавени како исчезнати за време на бурата на северот од Италија беа пронајдени денес, соопштија пожарникарите, со што бројот на жртви во таа област се искачи на три.
Телата на 64-годишен маж и неговиот 33-годишен син, чиј автомобил бил однесен од порој, биле пронајдени во близина на Виченца во североисточната покраина Венето. Претседателот на покраината Венето, Лука Заија, изрази сочувство до жената која ги загуби сопругот и синот и рече дека станува збор за „незамислива трагедија“.
Двајцата се пријавиле како волонтери и биле на пат да помогнат во спасувачките операции кога се случила несреќата.
Во четврток, деведесетгодишен маж беше пронајден во неговата поплавена куќа во Пиемонт, на северозападниот дел од земјата.
Северот на Италија, како и француските и швајцарските Алпи, беа погодени од обилни дождови во четврток, кои на поголемите надморски височини се претворија во снег, што доведе до бројни блокади на патиштата поради лизгање на земјиштето и поплави.
Десетици луѓе мораа да бидат евакуирани од поплавените подрачја, понекогаш со своите домашни животни. Во долината Аоста, околу 5.000 семејства останаа без електрична енергија во четвртокот вечерта, објави локалната компанија за дистрибуција на електрична енергија.