Спорт
(Видео) Роналдо со семејството ги гледаше Ѓоковиќ и Изнер
Кристијано Роналдо со семејството го гледаше мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер, на Мастерсот во Лондон. Мечот заврши со победата на српскиот тенисер 6:3, 6:4.
foto: epa
Роналдо ја искористил можноста да го гледа мечот, бидејќи во клупскиот фудбал …

Кристијано Роналдо со семејството го гледаше мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер, на Мастерсот во Лондон. Мечот заврши со победата на српскиот тенисер 6:3, 6:4.

Роналдо ја искористил можноста да го гледа мечот, бидејќи во клупскиот фудбал нема натпревари поради репрезентативната пауза, а тој реши да ги пропушти и наредните два дуели на својата репрезентација.
Не е познато за кого навивал еден од најдобрите фудбалери во историјата, сигурно е дека уживал во одличниот тенис, што го прикажа првиот светски рекет.
? @Cristiano – better with his feet ?
You can watch the #NittoATPFinals on @TennisTV ? pic.twitter.com/KChYu4Sy6j
— ATP World Tour (@ATPWorldTour) November 12, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бруно го најави своето заминување од „Олд Трафорд“
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, по спектакуларниот натпревар со Борнмут (4:4), реши да ја „отвори душата“, пред новинарите и да го навести заминувањето од клубот. .
Португалецот беше играч на натпреварот по којзнае кој пат, но тоа не беше доволно за Јунајтед да победи.
„Клубот сакаше да си заминам ова лето и така се чувствував. И им го кажав тоа на директорите, но не мислам дека имаа храброст да ја донесат таа одлука. Решив да останам од семејни причини, но и затоа што ми е грижа за клубот. Разговорите со тренерот ме убедија дека треба да останам. Но, од страна на клубот, чувствував дека тие мислат „ако си замине, тоа нема да биде толку лошо за нас“. И тоа многу ме повреди, но и ме растажи, бидејќи сум играч кој не заслужува критики. Секогаш сум достапен, играм добро или лошо, но секогаш давам се од себе на теренот. А ја гледате целата ситуација, играчи кои не ја ценат доволно големината на клубот и не ги бранат неговите бои колку што треба“, рече Бруно Фернандес.
Не заврши тука, бидејќи тој одговори и шпекулациите за трансфер во Ал Хилал, кој понуди огромни пари за неговиот потпис.
„Претседателот на Ал Хилал ми се јави лично. Рубен Невеш ми испрати пораки дека сака директно да разговара со мене. Тие сакаа да играм на Светското првенство за клубови за Ал Хилал. Тоа беше „љубов“ што започна од периодот кога Жорж Жезус беше на клупата, во 2023 година. Тоа беше првиот пат кога ме повика“, откри Бруно и продолжи:
„Не можам да се жалам, платен сум многу добро, но разликата е очигледно огромна. Сепак, тоа никогаш не ми било важно. Ако еден ден морам да играм во Саудиска Арабија, тогаш ќе играм таму. Мојот начин на живот ќе се промени, моите деца ќе имаат сончеви денови, по шест години во Манчестер со дожд и студ. Ќе играм во лига која расте со познати играчи. Можев веќе да заминам, како многу играчи и да кажам „Сакам да заминам, не сакам да тренирам, сакам да имам 20 или 30 милиони евра“, за да добијам уште повеќе пари. Но, никогаш не го направив тоа. Не чувствував дека сум во позиција да го направам тоа. Секогаш чувствував емпатија и наклонетост кон клуб“, рече Бруно.
Капитенот на Јунајтед сигурно ќе биде главна тема на медиумите по неговото признание и очигледнаото навестување за напуштање на клубот следното лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брендан Роџерс најде работа во Саудиска Арабија
Брендан Роџерс, утре, ќе биде претставен како нов тренер на Кадисија во Саудиска Арабија.
Вчера имаше најави дека Брендан Роџерс е во преговори со саудискиот клуб, а официјална потврда дојде од клубот еден ден подоцна.
Клубот со Роџерс потпишал договор на две и пол години, а тој официјално ќе биде претставен како нов шеф на стручниот штаб во среда. Роџерс ќе го замени Мигел Гонзалез на клупата, кој беше отпуштен во недела.
„Ова е навистина историски момент за клубот. Тренер од калибарот и искуството на Брендан ги одразува нашите амбиции и долгорочната визија што ја има Ал Кадисија како еден од водечките клубови“, рече Џејмс Бизгроу, поранешниот извршен директор на Ренџерс, а сега на саудискиот клуб.
Кадисија е на петтото место на табелата со 17 бода, десет помалку од лидерот Ал Наср, но е и во центарот на вниманието бидејќи се споменува како клуб кој би бил подготвен да го сруши рекордот за трансферот на Мохамед Салах.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ф1 се враќа во Португалија
Од 2027 година, Португалија ќе се врати во календарот за трки на Формула 1.
Трките ќе се возат на патеката Алгарве, во близина на Портимао, која беше домаќин на две Гран При трки за време на пандемијата ковид-19, во 2020 и 2021 година.
Португалија практично ќе ја замени Големата награда на Португалија, која ќе се одржи на патеката Зандворт за последен пат следната година.
Патеката Портимао е долга околу 4,65 км, се протега на ридест терен и е високо ценета поради предизвиците што им ги поставува на возачите.
Се наоѓа во рурална област северно од брегот и исто така има репутација како патека со проблематичен пристап.
„Многу сум задоволен што Портимао се враќа во календарот на Формула 1 и што спортот продолжува да ја поттикнува страста на нашата неверојатна португалска база на фанови“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
„Патеката нуди возбудувања од првата кривина до целта, а нејзината енергија ги крева фановите на нозе. Интересот и побарувачката за домаќинство на Големата награда на Формула 1 се поголеми од кога било досега“, додаде шефот на Ф1.
Луис Хамилтон ги освои претходните две трки, возејќи за Мерцедес.
Неговата победа во 2020 година го направи апсолутен рекордер по бројот на победи во трките во Формула 1, бидејќи го надмина рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа.
Новата сезона во Ф1 започнува на 8 март 2026 година, со нови правила и нови тимови.
Foto/ depositphotos

