Свет
Бездомникот од Мелбурн што се вклучи во полициската акција награден со 80.000 американски долари

Десетици илјади долари беа собрани за храбриот бездомник што сакаше да ѝ помогне на полицијата за време на нападот со нож во Мелбурн минатиот петок.
Напаѓачот Хасан Калиф Шире Али (30) го запалил својот автомобил и избол до смрт еден постар човек и ранил уште две други лица во централната бизнис-област на вториот по големина град во Австралија.
LATEST: A man has stabbed a person to death, and left two others injured during a crazed attack on Bourke Street. @Eliza_Rugg9 is LIVE. #9News pic.twitter.com/bL1LHGpR0T
— Nine News Melbourne (@9NewsMelb) November 9, 2018
Мајкл Роџерс, наречен човекот со количка, ја турнал количката за пазарување кон напаѓачот вооружен со нож додека двајца полицајци се обидувале да го разоружат. Тогаш го погодиле напаѓачот, а од повредените рани тој починал во притвор.
Повеќе од 110.000 австралиски долари (79.000 американски долари) му се донирани на 46-годишниот Роџерс до понеделникот утрото преку кампањата „Сите херои не носат плашт“.
Собирањето на парите беше поведено во саботата од непрофитната организација Заедница на бездомници во Мелбурн.
Шефот на полицијата во Викторија, Шејн Патон, изјави дека полицијата му е исклучително благодарна на Роџерс за помошта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.