Свет
Сенатор од владејачката партија во Нигерија уапсен за измама
Сенатор од владејачката партија во Нигерија и кандидат за гувернер беше уапсен за измама и економска саботажа.
Хоуп Узодинма од владејачката АПЦ беше уапсен доцна во неделата во главниот град Абуџа бидејќи проневерил 12,5 милиони долари кои биле наменети за развој на економијата, велат од кабинетот на претседателот.
Узодинма е уапсен поради тоа што не го изработил проектот за ископување и прочистување на каналот Калабар во јужна Нигерија.
„Тој не објасни што се случило и покрај многубројните покани за разговор“, велат властите.
Узодинма го склучил овој договор под водство на претходната власт, но не го завршил ниту, пак, ги вратил парите што ги добил за него.
„Ова е економска саботажа, а тоа е многу сериозно дело. Во моментот тој е на испрашување“, вели анонимен извор.
Узодинма останува кандидат за гувернер сè додека партијата не реши да го промени.
Според законите на Нигерија, ниту судење ниту апсење не е доволна причина за го дисквалификува од кандидатурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

