Економија
ЕБОР: Посветла иднина во сферата на работните места
Револуцијата во глобалниот начин на креирање работни места создава глобални комплексни предизвици, но заканата од нарушување на постојните состојби може да се претвори во можност доколку се одговори со навремени правилни политики, порачува новиот извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
ЕБОР-извештајот за транзиција 2018-2019: Работењето во транзиција утврдува дека и покрај ризикот од демографски промени, брзодвижечкиот технолошки развој и миграцијата, трансформациите ќе донесат добро на сите. „Независно од фактот што трансформацијата на работните места ќе претставува главен предизвик за креаторите на политиките, нашата општа порака е оптимистичка“, пишува Сергеј Гуриев, главен економист во ЕБОР, во својот вовед на извештајот за транзицијата на ЕБОР. „Менувањето на начините на работење може да резултира во генерирање видливи придобивки. Фер дистрибуцијата на овие бенефити е видлива, а иднината на работните места ќе креира многу работа, која може и треба да биде перспективна“, истакнува професор Гуриев.
Извештајот го анализира и поместувањето на глобалните односи на работните места и нивното влијание врз земјите каде што ЕБОР работи промовирајќи ефикасни и одржливи пазарни економии.
Главните демографски промени влијаат врз обезбедувањето на работната сила оставајќи голем број од овие земји да се справуваат со проблемите поврзани со престара или премлада популација. Технолошки развој со среднообразована работна сила го поларизира пазарот на труд во високо и ниско образовани сектори, што е предизвик за регионите што имаат искусна децентрализација и кои се соочуваат со релативно високо ниво на емиграција на образованите кадри. Во поширока смисла, растечкото ниво на миграција се префрла на географска локација на работните места и работници, на меѓународно ниво и внатре, во секоја земја одделно.
Извештајот за транзицијата на ЕБОР во своите оценки за начинот на кој се менува светот на работните места идентификува начини на ублажување на влијанијата врз демографските промени, одливот на образованите кадри и трендовите на миграција.
Во однос на демографските промени, извештајот идентификува приоритети за младите економии (како Азербејџан, Турција и економиите на јужниот и источниот Медитерански Регион и централна Азија), но и за економиите од европските земји кои се во подем и каде што има постара популација.
Кај младите економии потребно е да се поттикне физичкиот капитал од работник, да се подобри човечкиот капитал и поголемото учеството на работна сила од женската популација. Подобрувањето во деловната клима и посилните рамки на макроекономските политики може да им помогнат на економиите во контрола на вкупните глобални заштеди за да се финансира инвестирањето во машини, опрема и образование“, се нагласува во извештајот.
Во економии каде што популацијата е постара се препорачува реформа на пензискиот систем, кој поаѓа од статутарната возраст на пензионирање и охрабрување на подолготрајно учество во работната сила, како и подобрување во здравставниот систем, работните услови и можностите за учење во тек на целиот животен век.
Автоматизацијата влијае врз зголемувањето на бројот на работни места на глобално ниво, а извештајот ги идентификува застарените образовни системи како пречка во натамошната надградба. Во регионите каде што ЕБОР има свои канцеларии, процентот на популација што се смета дека има добри вештини од областа на информациско-комуникациски технологии варира од 33 отсто во Естонија до 10 отсто во Турција. Во голем број земји каде што ЕБОР инвестира, недостигот на работна сила со подобри вештини бележи подобрување со процесите на емиграцијата од страна на образованите работници. „Политиките што поддржуваат обука и надградување на локалните вештини, како, на пример, стимулативни мерки за обука на нововработените, може да им помогнат на компаниите да се справат со зголемен обрт на вработени и да го минимализира лошиот ефект од емиграцијата“, се вели во извештајот.
Но, од друга страна, емиграцијата на работната сила претставува загрижувачки факт во голем број земји каде што ЕБОР инвестира. Меѓународните миграциски стапки во регионите на ЕБОР се зголемуваат од 1990 година и постојано се повисоки од светскиот просек. Западниот Брег и Газа имаат највисока стапка на емиграција. Главната дестинација за мигрантите што си заминуваат од економиите на ЕБОР се Русија, Германија, Украина, САД и Казакстан.
Потенцијалните емигранти се самци, мажи и млади што живеат во урбани средини. Тие се подобро образовани од просекот и помалку задоволни од квалитетот на локалниото уредување. Нивото на задоволство со локалниот образовен систем исто така изгледа дека е одлучувачки фактор.
Извештајот утврдува дека подобрувањето на деловната клима и квалитетот на јавните услуги може значајно да ја намали желбата на луѓето да емигрираат. На кратки патеки таа ја намалува продуктивноста на компаниите во земјите од каде што потекнуваат емигрантите, а на долги го поттикнува трансферот на знаење во регионите на ЕБОР поддржувајќи ја иновацијата.
Како резултат на ова новите држави членки на ЕУ го намалуваат јазот на развој со напредните економии во однос на квалитетот и бројот на патенти. Извештајот дава и преглед на искуствата на бегалците што доаѓале од поранешна Југославија во 90-тите години. Така, на пример, по војната, голем број од тие 500.000 луѓе што живееле и работеле во Германија се вратиле дома. Податоците укажуваат дека ова води кон значајно зголемување на раст на извозот од економиите на земјите на поранешна Југославија. Тоа што е особено интересно е и фактот дека највисоките стапки на извоз се забележани во секторите каде што поранешни бегалци работеле додека биле во Германија.
Страниците со анализа на состојбите во Македонија може да се најдат на: ЕБОР-извештајот за транзиција 2018-2019: Работење во транзиција
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“
Економија
Комисија за заштита на конкуренцијата: Лани се изречени казни во вредност од над 53 милиони денари
Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.
„Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“, велат од Комисијата.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.
Економија
Македонија2025 објави повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.
Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.
Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:
· Минимум една година од постоење на компанијата;
· Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
· Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
· Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
· Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);
· Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.
По можност да работат во следните дејности: туризам и угостителство, финансии, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.
За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.
Краен рок за пријавување: 15.03.2026 год.

