Спорт
Убав гест на Динамо – шалови на клубот од Загреб се појавија на гробиштата во Белград
Претставниците на хрватскиот шампион, Динамо Загреб ја посетија Србија за да оддадат почит на луѓето кои ја одбележија историјата на клубот, по што на гробиштата во Белград се појавија шалови на хрватскиот клуб.
„Сакавме симболично да се заблагодариме …


Претставниците на хрватскиот шампион Динамо Загреб ја посетија Србија за да им оддадат почит на луѓето што ја одбележаа историјата на клубот по што на гробиштата во Белград се појавија шалови на хрватскиот клуб.
„Сакавме симболично да им се заблагодариме на сите што го формираа и обликуваа нашиот клуб, без разлика од која генерација фудбалери, тренери, службеници или навивачи се работи. Прв на редот беше Осијек и гробовите на Густав Ленер, Петар Лончариќ и Андрија Логарушиќ, а потоа и Белград, каде што се погребани Флоријан Матекало, Златко Чајковски, Фрањо Шоштариќ, Стјепан Бобек, Зоран (Чава) Димитриевиќ, Бруно Белин и Петар Тодоровиќ“, се вели на интернет-страницата на Динамо.
Тие потврдуваат дека немале никакви проблеми во Белград, но дека им задале главоболки на вработените на гробиштата бидејќи се појавиле со список на имиња, кои потоа детаљно ги пребарувале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Белингем ќе отсуствува два месеци на почетокот од новата сезона

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе го попушти почетокот на новата сезона. Англискиот репрезентативец ќе оди на операција на рамото.
Според шпанските медиуми, Белингем ја закажал операцијата една недела по финалниот натпревар од Светското клупско првенство, за секој случај, доколку Реал се пласира во финалето.
Според неофицијални информации, по операцијата, Белингем ќе се рехабилитира до октомври, поради што ќе ги пропушти натпреварите на Реал Мадрид, како и репрезентацијата на Англија во квалификациите за Светското првенство.
„Дојдов до точка каде што болката не е толку неподнослива. Губам тежина бидејќи се потам прекумерно и затоа ќе морам да се оперирам по Светското клупско првенство. Долго чекав на оваа процедура и полека губам трпение, но лекарите и физиотерапевтите одлично си ја вршат работата. Само сакам повторно да се чувствувам слободно на теренот“, изјави Белингам за медиумите по победата над Пачука (3:1).
Спорт
Фламенго внимателно ја следи ситуацијата со Влаховиќ

Неочекуван клуб влезе во трка за потписот на Душан Влаховиќ. Српскиот напаѓач со голема веројатност ќе го напушти Јувентус во преодниот рок. Тој влегува во последната година од договорот, а ги одби понудите, за помала плата да потпише нов договор.
Интерес за Влаховиќ, покрај неколку европски клубови, покажа и бразилски Фламенго.
Спортскиот директор на овој клуб, Хозе Бото, зборуваше за српскиот напаѓач и шансите за негово ангажирање.
„За она што ни треба, би размислувал за Влаховиќ. Нашиот проблем не би биле парите, туку убедувањето на овие големи имиња да дојдат во Бразил. Во фудбалот, никогаш не вели никогаш“, рече Бото.
Влаховиќ досега одигра 144 натпревари за Јувентус, постигнува 58 гола и забележа 14 асистенции.
Спорт
Папапетру ја заврши кариерата

Кошаркарот на Панатинаикос, Јоанис Папапетру, ги изненади навивачите и кошаркарската јавност со одлуката да се пензионира.
Причината за оваа одлука се повредите, поточно колената, кои сега станаа чест придружник во кариерата на 31-годишниот грчки кошаркар, член на Панатинаикос во последните две сезони.
Во претходната натпреварувачка година во Евролигата, тој имаше само епизодна улога во тимот на Ергин Атаман, дури и помала отколку во претходната.
Тој имаше просек од 2,8 поени, еден скок, 0,4 асистенции, 0,4 украдени топки, за 10,34 одиграни минути по натпревар.
Во својата кариера, покрај Панатинаикос во два наврати, Папапетру играше и за Олимпијакос пет години и Партизан.
На социјалните мрежи тој објави порака во која ја објави „најтешката одлука во неговата кариера“.