Спорт
Хамилтон сака поголема конкуренција во Ф1, ривал гледа во Ферстапен
Британецот Луис Хамилтон вели дека очекува поголема конкуренција во Формула 1 наредната сезона, особено тоа се однесува на Макс Ферстапен кој последниот период покажа силни перформанси.
Хамилтон во минатите 5 сезони дури 4 пати се закити со титулата, а…
Британецот Луис Хамилтон вели дека очекува поголема конкуренција во Формула 1 наредната сезона, особено тоа се однесува на Макс Ферстапен кој последниот период покажа силни перформанси.
Хамилтон во минатите 5 сезони дури 4 пати се закити со титулата, а се чини вистински ривал до неодамна му беше неговиот екс-клупски колега од Мерцедес, Нико Розберг.
„Оваа година Ред Бул беа исклучително силни, па можам само да претпоставам дека следната година ќе бидат уште посилни. Мислам дека ќе биде одлично за овој спорт ако Ред Бул се вклучи во борбата со Ферари и Мерцедес“ изјави Хамилтон за „Скај Спортс“.
Хамилтон упати пофалби за младиот Холанѓанец за кого вели дека „вози многу добро оваа година, неверојатен млад талент е“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Педри го продолжи договорот со Барселона
Првотимецот на Барселона, Педри, го продолжи договорот до 30 јуни 2030 година, соопшти каталонскиот клуб.
Во соопштението се вели дека Педри го продолжил договорот со Барселона во присуство на претседателот на клубот Џоан Лапорта, потпретседателот Рафа Јуста и спортскиот директор Деко.
Финансиските детали од договорот не беа откриени. Педри (22) пристигна во Барселона во 2019 година од Лас Палмас. За Барселона одигра 174 натпревари и постигна 24 гола.
За шпанската репрезентација одигра 30 натпревари и двапати постигна гол. Со Шпанија го освои Европското првенство во 2024 година во Германија.
Спорт
Светски шампиони во уметничко лизгање меѓу патниците во урнатиот авион
Патнички авион на Американ ерлајнс со 64 лица се судри со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, главниот град на САД, а потрагата по преживеани се уште трае.
Двете летала завршија во реката Потомак, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди тврдењата на руската државна агенција ТАСС дека во авионот се превезувале Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, светски шампиони во уметничко лизгање од 1994 година.
„Потврдена е оваа тажна информација. Лоши вести пристигнаа од Вашингтон. Во авионот имаше повеќе наши граѓани“, им рече Песков на новинарите, изразувајќи сочувство до семејствата и пријателите на руските граѓани кои загинаа.
Претставник на локалната полиција изјави за Си-би-ес, дека најмалку 18 безживотни тела биле пронајдени од авионот што полетал од Вичита, Канзас и дека нуркачите пронашле две таканаречени црни кутии.
ТАСС јавува дека меѓу патниците била и Ина Волјанскаја и дека заедно се враќале од тренинг кампот што се одржувал во рамките на американското првенство во Канзас.
Спорт
(Видео) Елмас го стави потписот на договорот со Торино
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас официјално стана член на Торино. Елмас во Торино пристигна од Лајпциг. Германскиот тим го испрати на позајмица до крајот на сезоната. Торино ќе има можност за 17 милиони евра да го откупи неговиот договор.
Елмас незадоволен од статусот што го имаше кај Марко Росе реши да го нашушти Лајпциг. Во германија тој пристигна пред една година за 24 милиони евра, откако претходно имаше успешни четири сезони во Наполи.
Еламс сезонава за Лајпциг одигра 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите.
Во Торино Елмас на грбот ќе го носи бројот 11.
A grande richiesta, Back to Italy! 🇲🇰 pic.twitter.com/NbOj2DreNL
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 30, 2025