Свет
Цените на нафтата во слободен пад, Норвешка ќе загуби милијарди
Иако Норвешка е еден од главните инвеститори во високо-технолошките и „зелените” иновации, економијата во Норвешка останува силно зависна од екстракција на нафта и гас и на милост и немилост на глобалните цени на нафтата и на гасот. Според националниот буџет, дури и пад од само еден долар во глобалната цена на нафтата за барел значи загуба од 470 милиони долари за државните приходи.
Од последната највисока цена на почетокот на октомври, цената на нафтата од Северното Море падна за околу 150 круни (17 долари) за барел поради зајакнување на доларот. Норвешката национална радиотелевизија НРК ги опиша цените како „камен што тоне”.
НРК наведе пет причини за падот на цените што доведе до пад на приходите.
Прво е поголемото производство од ОПЕК и САД кои го преплавија пазарот со нафта. Второ, САД им одобрија на повеќе земји исклучок од своите санкции против Иран. Колку повеќе држави увезуваат иранска нафта, толку е позаситен пазарот. Трето, експертите предвидуваат пониска побарувачка, што дополнително ќе ги намали цените. Четврто, твитот на американскиот претседател Доналд Трамп дека цените на нафтата треба да бидат пониски, што се толкува како спротивно на мерките на САД за зголемување на цената. Петто и последно, многу шпекуланти лошо ја предвидоа насоката во која се движи пазарот, а сега се очајни да продаваат, што дополнително ја намалува цената на нафтата.
Според НРК, годишниот ефект од ова ќе изнесува 64,5 милијарди норвешки круни (7,5 милијарди долари) што одговара на околу 640 милиони долари месечно или 21 милион долари дневно.
Нафтената индустрија е многу профитабилен бизнис за Норвешка, обезбедувајќи ѝ 17 отсто од БДП и 21 отсто од државните приходи. Вкупниот нето готовински приход на владата од нафтената индустрија се очекува да изнесува 201 милијарда долари во 2018 година и 33,5 милијарди долари во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

