Македонија
ЗМСТАС: Филипче вети решавање на проблемите на сестринството

По реакциите на Унијата на ЗМСТАС, предводени од здружението „За нас“, во врска со прераспределбата на буџетот за 2019 година, во која медицинските сестри не беа вклучени, се одржа средба со министерот за здравство, Венко Филипче.
„Бевме повикани на состанок во кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче каде што по краткиот разговор, добивме ветување дека решението на нашата реакција ќе го добиеме уште во текот на наредната седница на Владата. Унијата ќе биде трпелива по ова прашање до наредната среда“, изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.
Во однос на другите проблематики за сестрите-концесионери, измените во Законот за здравствената заштита, потребата од постоење правен субјект – комора, непризнавањето на високите школи и изземањето од ноќните смени поради преоптовареноста на буџетите за кои Унијата тековно известува и реагира, Министерството за здравство вети наредна средба на која сите барања ќе бидат поединечно дискутирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пиперки од Македонија се повлекуваат од хрватскиот пазар

Високо ниво на пестицидот метомил, кој е штетен за луѓето, е пронајдено во црвени пиперки произведени во Северна Македонија, објави Европскиот систем за безбедност на храната (Систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна – RASFF), пренесуваат медиумите во регионот.
Како што е наведено во соопштението за медиумите на таа европска организација, во пиперките увезени во Хрватска од Северна Македонија, по официјалната контрола на пазарот, гореспоменатата штетна супстанца е пронајдена на ниво од 0,049 милиграми метомил на килограм.
Дозволената содржина е 0,01 милиграми метомил на килограм, па бидејќи количината пронајдена во споменатите производи била пет пати поголема од тоа, наредено е повлекување од пазарот на Европската Унија, според написите.
Пазарната инспекција е извршена на 23 септември, а официјалното известување е објавено на 3 октомври.
Метомилот е карбаматен инсектицид кој е воведен во 1966 година и е познат по својата висока токсичност за луѓето и животните.
Фото: принтскрин
Македонија
Мицкоски: СДС, ДУИ и Левица се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Долнени, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година. Мицкоски истакна дека на овие избори има две коалиции, едната на непринципиелни основи СДС-ДУИ- Левица и од другата страна ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои се борат за подобра иднина на граѓаните, трета опција нема.
„На овие избори имаме две опции, две понуди, едната понуда е коалицијата којашто е создадена на основа на непринципиелни релации помеѓу коалиционите партнери. Врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за привилегии, но истовремено тоа што претставува главна точка на поврзување помеѓу овие политички во таа некаде формална а некаде неформална коалиција е гневот и омразата којшто тие го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата којашто ја сочинуваат СДСМ-ДУИ и Левица. Венко Филипче, Димче Апасиев и Али Ахмети се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. И втората коалиција којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете опција коишто граѓаните ќе ги имаат пред себе на следните избори. Трета опција нема“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека коалицијата на СДС-ДУИ, 7 години ја уназадуваа државата додека ВМРО-ДПМНЕ изминатите 15 месеци ги гради темелите на државата и се бори за подобра иднина на граѓаните.
„Првата е коалиција да се вратиме назад во времето кога се ограбуваше државата која се ограбуваше народот буквално, кога се живееше на товар на народот и државата кога истата се распродаваше се засрамуваше. И Втората коалиција којашто е ВМРО-ДПМНЕ којашто живее заедно со народот за државата за Македонија којашто живее за иднината на граѓаните и Македонија и којашто овие 15 месеци секој ден, буквално секој ден 7 дена во неделата работеше по 15 часа на ден за да може да се исправи сето она што претходно беше погрешно направено од коалицијата СДС ДУИ. 15 месеци бевме буквално посветени на зајакнување на темелите коишто беа разурнати. Неисплатени плати, неисплатени субвенции. Целта на овие партии е само да се доберат до фотелјите и потоа да продолжат да ја уништуваат оваа наша заедничка татковина Македонија“ истакна Мицкоски.
Мицкоски повика на 19 октомври граѓаните да гласаат за бројот 9 за поквалитетен живот, за напредок и развој на државата.
„Ве повикувам сите да излезете на 19 октомври да го заокружете бројот 9, да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што само така може да зборуваме за иднина, за развој на општините и Македонија“ заклучи Мицкоски.
Македонија
Сиљановска-Давкова-Бегај: Членките на ЕУ сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на Унијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери.
Соговорниците разговараа за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање.
Претседателот Бегај истакна дека дел од земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ. Тој изрази подготвеност за помош и поддршка во процесот на македонската евроинтеграција, додавајќи дека членството во ЕУ гарантира владеење на правото, заштита на човековите права и јакнење на демократскиот капацитет.
На средбата, обајцата ја повторија потребата од негувањето на меѓусебното партнерство на мултилатерален план. Истовремено, се согласија дека треба да се прошири и продлабочи соработката на сите полиња.