Свет
(Видео) Пијан маж извикувал „Хајл Хитлер, хајл Трамп“ за време на театарска претстава
Во театар во американскиот град Балтимор дошло до инцидент кога за време на паузата на претставата маж, кој бил под дејство на алкохол, извикувал: „Хајл Хителр, хајл Трамп!“ и нацистички поздрави. Во салата се создала паника меѓу присутните, кои почнале да трчаат и да го бараат излезот од театарот.
This is the aftermath of a man shouting “Heil Hitler! Heil Trump!” during a performance of “Fiddler on the Roof” in Baltimore last night.
Afterwards, audience members sd “I’ll be honest, I was waiting to hear a gunshot. I thought, ‘Here we go,’” one sd
(link broke in last post) pic.twitter.com/S9YXPl8UE0
— ?Koko ✊?✊?✊?? (@Kokomothegreat) November 15, 2018
„Неколку луѓе во публиката почнаа да трчаат кон излезот. Лично мислев дека ќе слушнам пукање“, рекол новинар на Си-ен-ен, кој бил еден од присутните илјада луѓе на претставата „Виолинист на покривот“ во театарот во Балтимор.
Очевидци рекле дека човекот извикувал и нацистички поздрави пред да биде изнесен од обезбедувањето. Меѓу другото, извикувал и слоган за американскиот претседател Доналд Трамп – МАГА (Make Amerika Great Again), што во превод значи „Направете ја Америка повторно голема“, пренесе АП.
Социјалните мрежи во САД се преплавени со коментари за овој инцидент, а повеќето од нив порачуваат: „Ова е Америка на Трамп“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

