Вести
Сириската војска отвори ново боиште против IS, колони камиони влегуваат од Турција.Видео
Сириските сили помогнати од руските воздушни удари отворија во петокот ново боиште против екстремната сунитска група Исламска држава (IS), што е трет масивен напад врз Рака, главниот град на самопрогласениот калифат на џихадистите, а сириската сунитска опозиција со поткрепа на американските удари напредуваше, а ирачките сили во Фалуџа се приближија до конечно освојување, а истовремено руските беспилотни летала снимиле долги колони камиони кои ја минуваат турско-сириската граница и се упатуваат кон позициите што во соседната земја ги држат џихадистичките групации.
Трите големи офанзиви претставуваат една од досега најагресивните кампањи против Исламската држава која во летото 2014 година со ненадејната офанзива освои големи територии во Ирак и во Сирија и објави на нив ткн калифат во кој го спроведува своето ригидно толкување на исламот.
Тешките руски воздушни напади се насочени против Исламската држава која држи територии на истокот од сириската покраина Хама, покрај границата со покраината Рака. Малку поисточно е градот Рака, ткн престолнина на самопрогласениот калифат во Сирија и заедно со Мосул, вториот по големина град во Ирак, се главните цели на коалициите кои сакаат да ја уништат оваа џихадистичка групација.
Сириските владини сили напредувале околу 20 километри и дошле до границата на покраината Рака. Истовремено сунитските опозициски сили кои Западот ги поддржува како умерени, како и курдските милиции и нивните арапски сојузници, ја напаѓаат Исламската држава во другите делови на покраините Рака и Алепо. Американската војска објави дека офанзивата напредува, со жесток отпор на радикалните исламисти.
Во Ирак владини сили и шиитските милиции, користејќи ги американските воздушни удари, од понеделникот влегоа во јужните предградија на Фалуџа, град кој е бастион на Исламската држава во западната покраина Анбар. Веќе четири дена се на позициите, одбегнувајќи да се приближат на главните населени делови со многу цивили од градот кој е на само 50 километри од престолнината Багдад.
Во петокот вечерта руското министерство за одбрана објави снимки направени од негово беспилотно летало во Сирија кои покажуваат конвој од камиони кои од Турција навлегуваат на сириска територија и се упатуваат кон позициите кои ги држат терористичките групи во покраините Алепо и Идлиб.
За товарот во камионите засега нема информации. Сепак, некои медиуми претпоставуваат дека со нив се превезуваат нови борци или оружје.
Претходно руското министерство за одбрана објави дека изминатите три дена е зголемен протокот на тешки товарни возила преку турско-сириската граница во близина на селото Азаз во покраината Алепо./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.