Свет
САД тајно поднеле обвинение против Асанж, случајно откри американски обвинител

Џулијан Асанж веќе е обвинет од САД, но случајот ќе остане запечатен до апсењето на укажувачот, информира „Викиликс“ цитирајќи судски поднесоци што не се поврзани со нивниот коосновач.
„…Ниту една друга постапка не може да го задржи доверлив фактот дека Асанж е обвинет“, напишал помошник-јавниот обвинител, Келен С. Дваер, барајќи од судијата да го задржи предметот запечатен. Сепак, точната природа на наводните обвиненија против укажувачот не беше веднаш откриена и нема да биде откриена до апсењето на Асанж, се вели во документот.
„Викиликс“ го објави документот во четвртокот велејќи дека станува збор за очигледна грешка при „копи-пејст“.
Истите судски поднесоци беа цитирани во извештајот на „Вашингтон пост“. Весникот, цитирајќи ги своите извори, вели дека она што го кажал Двајер е вистина, но дека откривањето било ненамерно. Канцеларијата на јавниот обвинител во источниот округ Вирџинија, каде што бил поднесен документот за откривање на наводните обвиненија, изјави дека поднесокот е направен по грешка.
Претходно „Волстрит џурнал“ објави дека во Министерството за правда разговарале за можноста да го обвинат Асанж со голем број злосторства поради кои, како што се надеваат, ќе го протераат од Амбасадата на Еквадор во Лондон. Иако Министерството го истражува Асанж осум години, обвинителите допрва треба да се согласат со прецизните обвиненија со кои може да се соочи тој. Спомната била и можноста да го обвинат укажувачот за кршење на законот за шпионажа.
Миистерството би можело да го обвини Асанж во врска со објавувањето околу 750.000 воени и дипломатски документи од страна на Челзи Менинг во 2010 година. Особено за објавувањето на класифицираните американски воени снимки со наслов „Колатерално убиство“ од американскиот хеликоптер „апачи“, кој пукал врз ирачки цивили.
„Обвинителите исто така сметаат дека Асанж е поврзан со странски разузнавачки служби“, велат луѓе запознаени со разговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видео врска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија денес израелските медиуми, а снимки од разговорите циркулираат и на социјалните медиуми.
All morning video call recordings that Hamas allowed the hostages to make to their families are part of its propaganda campaign- to present itself to the world as if it were a humanitarian organization.
That is exactly why it was so important to them to demand that the families… pic.twitter.com/46SJMjo6FC— יוסף חדאד – Yoseph Haddad (@YosephHaddad) October 13, 2025
За многу од заложниците, тоа беше нивниот прв контакт со нивните семејства по повеќе од две години заробеништо, за време на кои беа целосно отсечени од надворешниот свет.
Hostages still in Gaza speak with their families over cell phone before being released and transported by Red Cross back home to Israel where they should be reunited with their loved ones within an hour.
Woman holding the phone says, “The war is over!”pic.twitter.com/DhF4WSfbJH
— Paul A. Szypula 🇺🇸 (@Bubblebathgirl) October 13, 2025
Видеата се сметаат за пропаганда на Хамас, дозволувајќи ѝ на исламистичката група да се прикаже како хумана, напишаа корисниците на социјалните мрежи. На некои од видеата, во позадина може да се видат членови на Хамас.
Свет
Втората група заложници на пат кон Израел

Според израелските медиуми, втората група од 13 заложници е предадена на Црвениот крст во јужниот дел на Појасот Газа и моментално е на пат кон Израел.
Претходно беше ослободена првата група од 7 заложници.
Се очекува телата на 26-те мртви заложници и уште двајца чија судбина е непозната да бидат предадени денес.
Свет
Каја Калас: Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно, ЕУ ја продолжува мисијата

Европската унија ќе продолжи со својата набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет, изјави денес шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас.
„Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно“, рече Калас во објава на социјалната мрежа X.
„ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога. Задутре ќе ја рестартира цивилната набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет“, рече таа.
Калас го поздрави ослободувањето на седумте израелски заложници што Хамас ги ослободи денес, нагласувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во овој „клучен чекор кон мирот“.
„Ослободувањето на заложниците е голем дипломатски успех и клучен чекор кон мирот. Претседателот Трамп го овозможи овој напредок“, рече таа на X.