Македонија
Димитров: Толеранцијата е дел од нашата колективна култура
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на тркалезна маса на тема „Говор на омраза“, организирана од страна на „Инер вил клуб Скопје Еуропеа“ по повод Меѓународниот ден на толеранцијата.
„Ние во нашата колективна култура имаме традиција на толеранција и прифаќање на различностите. Но, тоа треба постојано да се негува и да се внимава на предизвиците. Притоа да се има предвид и дека неограничената толеранција води до загрозување на самата толеранција и дека слободата на изразување не го прави говорот на омраза дозволив во едно демократско општество“, истакна Димитров.
16 ноември е прогласен за Меѓународен ден на толеранцијата со резолуција на ООН во 1996 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Малолетници нападнале врсник во автобус на ЈСП
Малолетник синоќа бил нападнат од двајца други малолетници во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.
„На 21 септември во 19.40 часот во СВР Скопје, П.Н. од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП на подрачје на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници“, информираа од МВР во дневниот билтен.
Се работи на расчистување на случајот.
Македонија
Без струја утре делови од општина Кисела Вода
Без струја утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Драчево“, „Чучевска“ и „Китка“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.
Македонија
Сиљановска Давкова на Самитот на иднината во Њујорк
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска треба да се обрати на Самитот на иднината на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади.
Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка која, како што се нагласува, е се поважна за човековиот опстанок, но е тешко да се постигне во атмосфера на недоверба, користејќи застарени структури кои повеќе не ги одразуваат денешните политички и економски реалности.
Во фокусот на Нацрт-пактот се човековите права, родот и одржливиот развој во сите поглавја. Содржи поглавја за одржлив развој и финансирање за развој, меѓународен мир и безбедност, наука, технологија и иновации и дигитална соработка, младите и идните генерации и трансформирање на глобалното владеење. Меѓудругото, се бара земјите членки да се согласат и за реформи што се однесуваат на Советот за безбедност, но тоа најверојатно нема да се случи.
На Самитот треба да бидат усвоени и Декларација за идните генерации и Глобален Дигитален договор.