Македонија
Кабинетот на Иванов: Кривичниот суд го злоупотреби претседателот
Во врска со соопштението на Основниот суд Скопје 1, во кое се обвинува претседателот Ѓорге Иванов за мешање во судската власт, Кабинетот на претседателот на Република Македонија смета дека повикувањето на овој суд за независност и мешање во судската власт има цел да ја прикрие направената злоупотреба на неточна информација.
„Немојте позади независноста на судот да ја затскривате вашата одговорност дека врз основа на фалсификат со невистинита содржина и конструкција на лаги е злоупотребен претседателот на Република Македонија, носите решенија за притвор и спроведувате притворска политика“, се вели во реакцијата.
Од Кабинетот на Иванов посочуваат дека јавноста преку јавно објавените решенија за притвор се запозна со содржината на copy-paste класифицираната „строго доверлива“ белешка што поведува и друг вид на одговорност за непрофесионално однесување во судски предмети.
„Кабинетот на претседателот на Република Македонија никогаш досега не реагирал на судска одлука или решение. Сметаме дека е крајно време, а во интерес на ЕУ стандардите кои се бараат земјата да ги исполни, судството да не ги затскрива сопствените недостатоци зад наводно мешање во неговата независност. Кабинетот на претседателот на Република Македонија се уште очекува одговор на барањето испратено до претседателот на Основниот суд Скопје 1, за достава на службената белешка на МВР-УБК, која е со лажна содржина и наведува на сомневање дека се следат активностите на претседателот на Република Македонија, а воедно е употребена како аргумент на Судот при определувањето мерка притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





