Македонија
СДСМ: Обезбедуваме социјална праведност и повеќе пари за граѓаните

Од владеачката партија СДСМ велат дека обезбедуваат социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство.
„Предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедува социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство. Со реформираниот систем на социјална и детска заштита во 2019-тата година се обезбедуваат дополнителни 2,2 милијарди денари.
За повеќе од 60.000 деца се воведува образовен и детски додаток, а се воведува и минимален гарантиран приход.
Овој надоместок освен примателите на гарантираниот минимален приход ќе можат да го користат и домаќинствата со минимална плата
Се олеснува пристапот до социјален надоместок на постојаните домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност и за дополнителни 11.000 домаќинства.
Со темелната реформа на социјалниот систем и детската заштита што ја изготви Министерството за труд и социјална политика, за 300 проценти ја зголемуваме социјалната помош, но има ефикасни и долгорочни решенија за извлекување од сиромаштијата“ се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.