Македонија
(Видео) УМС на ВМРО-ДПМНЕ со апел до учесниците во сообраќајот – Животот нема цена, ниту пак има реприза
Во Република Македонија, во 2018 година, 111 животи згаснале на македонски патишта во сообраќајни незгоди. По повод одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, со овие 111 балони, сакаме симболично да укажеме на суровата реалност, која, секојдневно демне на македонските сообраќајници, и предизвикува трагедии кај стотици семејства во земјава. Животот нема цена, ниту пак има реприза, порачаа УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
„Да бидеме одговорни пред себеси, и да влијаеме врз заштитата на нашиот и животот на другите. Само така, сите заедно ќе влијаеме врз подигнувањето на свеста, кај секој поединец-учесник во сообраќајот, за зајакнување на неговото чувство на одговорност, будност и внимателност во сообраќајниот режим.
Едновремено, од ова место, на овој ден, апелираме до сите надлежни институции, да ја подигнат безбедноста на сообраќајот на македонските патишта на врвот на агендата на дејствување, и со тоа директно да влијаат врз заштитата на личната безбедност на секој поединец во него.
Да кажеме стоп, на опасностите кои внесуваат немир и страв, да чекориме по улиците, да стравуваме дали децата безбедно ќе стигнат до своите училишта, дали безбедно ќе ја преминат улицата, и да не стравуваме од секој нов ден и од опасностите кои може да ни ги донесе.
Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, апелираме, до целата млада популација во земјава, да го почитува сопствениот живот и животот на другите, да внимава кога притиска на педалата за гас, да не конзумира алкохол кога управува со автомобил, да користи безбедносен појас и да ја почитува патната сигнализација. Бидејќи, нема исклучоци, опасноста е една и единствена и е достижна до сите. Не бира возраст, храброст, лудост или време и место.
Нека денешниов ден, биде поттик за сите нас, да станеме креатори на позитивен, безбеден и сигурен сообраќаен амбиент, во кој управувањето со возило, движењето на пешачки и возењето велосипед, ќе бидат вистинско задоволство за пристигнување до посакуваната дестинација, на наша и радост на сите учесници во сообраќајниот свет!“ соопшти УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

