Спорт
Македонија на бод од Ц-дивизијата и плејофот
Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва против Гибралтар, ќе го одигра последниот меч во Групата-4 во Лигата на Нации. Еден бод им е доволен на избраниците на селекторот Игор Ангеловски за да обезбедат пласман во плеј-офот.
„Добро познат ни е…


Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Гибралтар ќе го одигра последниот меч во Групата 4 во Лигата на нациите. Еден бод им е доволен на избраниците на селекторот Игор Ангеловски за да обезбедат пласман во плејофот.
„Добро познат ни е стилот на Гибралтар. Претежно се ориентирани во одбраната и ја чекаат својата шанса преку контра. Јас и претходно кажав, не е важно со кого играме, туку за што играме, а тоа е потврда на првото место и домашно полуфинале во плејофот. Фаворити сме и иако можеби на некои мечеви не играме според посакуваното, но во второто полувреме влегуваме подобро и победуваме“, рече на вчерашната прес-конференција селекторот на Македонија.
Дуелот со Гибралтар, поради жолти картони, ќе го пропушти најискусниот репрезентативец Пандев, а во тимот се враќаат Елмас и Алиоски. Овие двајца поради суспензии не играа во петокот кај Лихтенштајн.
Во пресрет на последното коло Македонија ја предводи Групата 4 со 12 бода, три помалку има Ерменија, Гибралтар е трет со шест, а Лихтенштајн последен со три бода.
Првото место на Македонија ѝ носи пласман во Ц-дивизијата, во наредното издание во Лигата на нациите и место во плејофот. Најдобрата репрезентација од Д-дивизијата ќе се пласира на Европското првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Монеке во Звезда

Неодамнешниот кошаркар на Басконија, Чима Монеке, ќе стане нов играч на Црвена Звезда, со која ќе потпише двегодишен договор, објавува грчкиот „Јурохупс“.
Црвено-белите на тој начин ќе се засилат на позицијата „четворка“, а се очекува наскоро и Семи Оџелеј од Валенсија да го потпише договорот.
Монеке е член на Басконија од 2023 година, а пред тоа кратко играше за Монако.
Една сезона беше и во НБА лигата, каде го носеше дресот на Сакраменто Кингс.
Едно време, во Лигата на шампионите на ФИБА 2022, кога играше за Манреза, беше прогласен за најдобар играч на тоа натпреварување.
Спорт
Плоштад Санти Казорла

Градот Овоедо на посебен начин ќе му се одолжи на Санти Казорла, 40-годишениот фудбалер, кој во саботата со Реал Овиедо по 24 години се врати во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
Кога Казорла имал 16 години, клубот од неговиот роден град испадна во Сегунда, во 2003 година се беше пред банкрот и гаснење,.
Клубот успеа да опстане се пресели во Третата лига, но финансиските проблеми повторно му се заканија на клубот во 2012 година. Навивачите тогаш собираа пари, а им се приклучија и ентузијасти, поранешни фудбалери меу кои и Казорла.
Санти Казорла, потоа реши да се врати дома, одбивајќи неколку финансиски одлично понуди.
Тој ги окарактеризира финалните натпревари од плејофот како најголеми во неговата кариера, а во кариерата два пати бил европски првак со Шпанија.
Затоа, градоначалникот на Овиедо, Алфредо Кантели, одлучи името на Казорла засекогаш да биде поврзано со градот.
Плоштадот и фонтаната каде што навивачите на Овиедо обично ги слават победите повеќе нема да се нарекуваат „Плоштад Америка“, туку „Плоштад Санти Казорла“.
🔵 ¡ÚLTIMA HORA! El Alcalde de Oviedo, Alfredo Canteli, anuncia que la 'Plaza América' de Oviedo pasará a llamarse 'Plaza Santi Cazorla' pic.twitter.com/LlihTcQ9PR
— Tiempo de Juego (@tjcope) June 22, 2025
Спорт
Ансу Фати е пред трансфер во Монако

Ансу Фати, некогаш вундеркиндот на Барселона, би можел да го засили Монако ова лето.
Играчот кој важеше за најголем талент во Барселона пред Ламин Јамал да се појави на големата сцена, треба да помине медицински прегледи во текот на неделата и да потпише за клубот од Кнежевството.
Станува збор за позајмица, но Монако потоа би имал можност да го откупи договорот на Фати од каталонскиот клуб.
Со 16 години и 304 дена, Фати беше најмладиот стрелец во историјата на Барселона и е се сметаше за наследник на Меси, но потоа повредат на коленото речиси му ја уништи кариерата.
Минатата сезона, тој настапи само на шест натпревари и јасно е дека не е во плановите на тренерот Флик.
Затоа, преселбата во Монако би можела да биде можност за 23-годишниот напаѓач да ја оживее својата кариера по долг период на стагнација.