Македонија
Османи-Дедај: Продолжува унапредувањето на односите помеѓу Македонија и Косово
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Косово во земјата, Ѓерѓ Дедај. Османи најпрвин упати честитки до амбасадорот за именувањето на оваа функција и изрази надеж дека досегашната исклучително успешната соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во текот на неговиот мандат.
„Имаме многубројни заеднички проекти што се реализираат, како што е граничниот премин Белановце Станчиќ, но и многубројни други проекти од програмата за меѓугранична соработка кои се во тек или чекаат реализација за чиј успех верувам дека ќе заеднички ќе се посветиме“, истакна Османи.
На средбата беа отворени и темите за напредокот на двете земји во рамките на европските интеграции, како и за севкупниот напредок на регионот од аспект на европските перспективи.
„Собранието го даде првото зелено светло за уставните измени во согласност со договорот од Преспа, со што не само што се отвори патот за имплементација на обврските од договорот туку се создадоа услови и за забрзување на реформскиот процес на земјата“, истакна Османи посочувајќи го успехот на договорот од Преспа, но и претходно, договорот за добрососедство со Бугарија, како поттик и за другите земји од регионот, да вложат повеќе напори и повеќе храброст во надминување на меѓусебните спорови како заеднички интерес на целиот регион.
Во продолжение двајцата соговорници се согласија дека ќе продолжат да работат посветено во насока на унапредувањето на односите меѓу двете земји како меѓусебно да се поддржуваат во европските евро-атлантските интеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.
Македонија
Хоџа: И во 2026 обезбедивме средства за Националните паркови кои се клучен столб во заштитата на природното наследство
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за нивниот развој, заштита на прирдоните вредности и одржливо управување.
„Со особено задоволство можам да истакнам дека и во 2026 година, Министерството во својот Буџет обезбеди наменски средства за понатамошен активности за заштита и промоција на националните паркови, што претставува јасен сигнал за долгорочната посветеност на државата кон заштитата на природата и одржливиот развој“, истакна министерот Хоџа.
На средбата беше нагласено дека националните паркови се клучен столб во заштитата на природното наследство, но и важен двигател на одржливиот туризам и локалниот економски развој.
Министерот Хоџа истакна дека Министерството ќе продолжи со поддршка на активностите на националните паркови преку подобрување на законската регулатива, обезбедување стабилна финансиска поддршка од државниот буџет, како и преку координација и мобилизација на средства од ПОНТ, ЕУ ЛИФЕ програмата и други меѓународни партнери. Со тоа ќе се зајакне управувањето, ќе се унапреди заштитата на биолошката разновидност и ќе се развива зелена инфраструктура во националните паркови.
Националните паркови, како што беше нагласено на средбата, денес претставуваат не само заштитени подрачја, туку и значајни двигатели на одржливиот развој, атрактивни еко-туристички дестинации и позитивен пример за одговорно управување со природните ресурси.

