Црна хроника
Пријава за три лица поради фалшлив договор за купопродажба на возило

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ф.Х. (46) од Гостивар поради фалсификување исправа, измама при добивање кредит или друга погодност, против С.Ш. (61) од село Велешта, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина и против Г.М. (45) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.
Во периодот од 9.5.2016 година до 16.12.2016 година првите двајца изготвиле лажен договор за купопродажба на патничко возило. После тоа, првопријавениот го приложил ваквиот договор во постапка за идентификација на наведеното возило во Бирото за метрологија при Министерството за економија, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возилата. Потоа, на 22.12.2016 година пријавените изготвиле втор лажен договор за купопродажба на возилото помеѓу третопријавениот како продавач и второпријавениот како купувач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата уапси 15-годишник во Скопје, насила одзел пари на 44- годишен маж

Вчеравечер полицијата уапси 15-годишен малолетник од Скопје по претходна пријава дека во скопски Центар насила одзел пари од 44-годишен маж.
Оштетениот пријавил во полиција која, пак, за кусо време го пронашла и го уапсила малолетникот. Од МВР најавија соодветна пријава по целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Му стигнало писмо од извршител за два кредита кои не ги зел, 23-годишен скопјанец пријавил измама

23-годишен скопјанец во четвртокот во скопската полиција пријавил злоупотреба на личните податоци. Според пријавата, непознато лице во 2021 година на име на пријавителот зело два кредита од финансиско друштво. Дознал за измамата минатата недела кога му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Насилство во ходник на Центарот за социјални грижи во Пехчево: ја турнал во прозорецот и таа паднала во дворот на објектот

Во Полициската станица Пехчево вчера попладне е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево, извести Министерствот за внатрешни работи.
„Според пријавеното, (В.Т.) ја турнал (В.П.Н.) во прозорецот, при што (В.П.Н.) паднала во дворот на објектот. На (В.П.Н.) и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а (В.Т.) е приведен во полициска станица“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот МВР најави соодветен поднесок.