Контакт

Вести

Во Јемен дваесетина мртви во напад врз шиитска џамија

Објавено пред

Најмалку 28 луѓе се убиени и уште 50 се ранети во средата во двојниот самоубиствен напад во шиитска џамија во јеменската престолнина Сана, објави тамошното министерство за здравство.

dobivaj vesti na viber

Маж со експлозив прицврстен на појасот предизвикал експлозија меѓу верниците кои пред вечерта излегувале од џамијата, изјавиле очевидци. Додека луѓето итале кон местото на експлозијата да им помогнат на настраданите, уште еден маж предизвикал експлозија на автомобил бомба, според истите извори.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападите, но судејќи според начинот на кој е изведен и целта, изгледа дека зад нив стои терористичката сунитска група Исламската држава, за која шиитите се „неверници“. Оваа ултрарадикална организација ги изведе своите први напади во Јемен на 21-ви март кога во експлозии во неколку шиитски џамии загинаа 142 луѓе. Последниот ваков напад беше на 29-ти јули, кога во џамија во Сана загинаа четири лица.

Главниот град Сана го контролираат шиитски милиции од побунетото племе Хути, кои по офанзивата започната во јули 2014 година заземаа големи подрачја во Јемен, кои сега се повратени од страна на јеменските сили со помош на саудиските воздушни удари.

Борбите во Јемен ескалираа на крајот од март, кога етничкото племе Хути, кои се главно шиити, започнаа со напредувањето кон поранешниот главен град Аден, поради што претседателот Абд Рабу Мансур Хади пребегна во Саудиска Арабија, којашто подоцна за да го врати на власт ги започна воздушните и артилериски напади врз јеменските бунтовници.

Јеменската престолнина Сана е сé уште под контрола на Хутите, кои се побунија откако претседателот Хади со кого беа во договор претходно не преземаше ништо за да го спречи распаѓањето на земјата и напредувањето во северот на земјата на сунитската терористичка група Ал Каеда на Арапскиот полуостров (AQIP) која контролираше поголеми области. Ним подоцна им се приклучија и воените единици лојални на соборениот претседател Али Абдула Салех.

Хутите, кои ја имаат поддршката од шиитски Иран, се борат истовремено против силите на Хади, локалните сунитски племенски милиции, сунитските исламисти, сецесионистите од југот на земјата и Ал Каеда./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Ова беше година на револуционерни реформи, не потклекнавме на обидите за политички притисок, рече претседателот на Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска одржа прес-конференција на која даде свое осврт за 2024 година, од аспект на...

Македонија6 часа

(Видео) По тротинети ќе се изнајмуваат и електрични автомобили

Министерството за енергетика рударство и минерални суровини и министерството животна средина и просторно планирање, денес објавија чекор напред кон одржлива...

Македонија6 часа

(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот „Михајлово“, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев

По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко...

Македонија7 часа

(Видео) Курто Дудуш ги повика скопјани Новата година да ја дочекаат во Шуто Оризари: „Данела има недостиг на идеја“

Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декември да дојдат на плоштадот во општината најавувајќи богата музичка програма....

Топ8 часа

Пронајден скопјанец: прегазил жена, па се обидел да избега

Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“...

Економија9 часа

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV...

Македонија10 часа

ДУИ бара ревизија на приватизацијата: Владата да ги стави интересите на граѓаните пред оние на олигарсите

Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите...

Македонија11 часа

СДС тоне според рејтингот, но се обидува да го спаси и заштити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е...

Македонија11 часа

„Измамата со кошничката се гледа во маркетите – повисоки цени наместо пониски“, велат од СДСМ

„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија....

Македонија11 часа

Утрово, најладно во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 се измерени во Попова Шапка, -5 во Скопје-Петровец,...

Европа12 часа

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва

Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство...

Регион12 часа

Ранетата учителка од „Пречко“ закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“

Незапаметената трагедија во петокот ја шокира, ја разбесни и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји. 19-годишен млад...

Регион13 часа

(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавните собири: Имаше 2-3 пати повеќе

Архивата на јавни собири во Србија објави проценка колку луѓе учествувале на протестот што се одржа вчера на белградскиот плоштад...

Свет14 часа

Мал авион се урна во шума во Мексико, најмалку седум загинати, објавени фотографии

Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион синоќа во шумска област во западната мексиканска држава Халиско. „Авион Цесна...

Свет14 часа

(Видео) Се урна мост во Бразил: едно лице загина, сулфурна киселина заврши во реката

Мост кој поврзува две бразилски провинции на северот на земјата се урна синоќа, при што загина најмалку едно лице, а...

Македонија14 часа

Студен бран со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Ако Груби бил чист како солза, немало да бега

Ако Артан Груби бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука...

Македонија1 ден

Водата во Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи, велат од Водовод

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје на ден 22.12.2024 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на...

Свет1 ден

(Фото+видео) Медицински хеликоптер падна врз болница во Турција, има загинати

Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турцијa. Несреќата се случила во градот Мугла,...

Свет1 ден

(Фото) Одреден притвор за мажот кој со автомобил влета на божиќен пазар во Германија, познати се нови детали за нападот

Мажот обвинет за убиство на четири жени и деветгодишно момче удрирајќи со автомобил во нив на божиќен пазар во германскиот...