Спорт
Неверојатен холандски кам-бек за „шок“ за Германија, но и за Франција (видео)
Холандија постигна два гола во финишот на натпреварот за да извлече 2:2 реми на гостувањето кај лутите ривали Германија во Гелзенкирхен, со што репрезентацијата која не настапи на последното СП се пласираше во финалето на Лигата на нации пред светските…

Холандија постигна два гола во финишот на натпреварот за да извлече 2:2 реми на гостувањето кај лутите ривали Германија во Гелзенкирхен, со што репрезентацијата која не настапи на последното СП се пласираше во финалето на Лигата на нации пред светските шампиони Франција.
Германија водеше со 2:0 по само 20 минути игра откако Тимо Вернер во 9. минута и Лирој Сане во 20. минута ги „матираа“ Холанѓаните, но како што самите Германци знаат, фудбал се игра 90 минути. Квинси Промес намали на 2:1 во 85. минута пред во 91. минута, дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк да израмни на 2:2.
Со ремито, „лалињата“ го освојуваат првото место на табелата со 7 поени, исто како и Французите, но со подобра гол-разлика (8:4 и 4:4), со што потврдија дека го заслужуваат местото во елитата и покрај слабите резултати во последните десетина години. Германија, пак, патува во Лига Б без победа во четири меча.
Овој резултат значи дека Холандија, Португалија, Англија и Швајцарија ќе учествуваат во финалето на Лигата на нации во јуни 2019 година, кое ќе се одржи во една од нациите учеснички, што ќе се одреди следниот месец.
Бугарија, пак, пропушти совршена шанса за пласман во Лига Б, откако на домашен терен одигра 1:1 со Словенија, за да дозволи Норвешка со 2:0 победата на гости на Кипар да влезе во „втората лига“.
ЛИГА НА НАЦИИ,7.КОЛО
ЛИГА А, ГРУПА 1
Германија – Холандија 2:2
Табела: Холандија 7, Франција 7, Германија 2
ЛИГА Б, ГРУПА 1
Чешка – Словачка 1:0
Табела: Украина 9, Чешка 6, Словачка 3
ЛИГА Б, ГРУПА 4
Данска – Ирска 0:0
Табела: Данска 8, Велс 6, Ирска 2
ЛИГА Ц, ГРУПА 3
Бугарија – Словенија 1:1
Кипар – Норвешка 0:2
Табела: Норвешка 13, Бугарија 11, Кипар 5, Словенија 3
ЛИГА Д, ГРУПА 1
Андора – Летонија 0:0
Грузија – Казахстан 2:1
Табела: Грузија 16, Казахстан 6, Летонија 4, Андора 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Го немаше 580 дена во Евролигата, одигра 76 секунди и повторно се повреди
Кинан Еванс, плејмејкерот на Олимпијакос, дефинитовно е најголемиот малер во европската кошарка. Американецот по 580 денови пауза, за врати на теренот во Евролигата, дебитираше во елитното натпреварување за Олимпијакос, се повреди и ја заврши сезоната.
Кинан Еванс, минатата недела го одигра првиот меч за Олимпијакос, откако пред речсии две години пристигна од Жалгирис. Одигра 19 минути и постигна 15 поени против Кардитса.
Во средата, во отсуство на повредениот Френк Ниликина, Еванс доби шанса од Јоргос Барцокас.
Кога влезе на теренот, доби овации од домашната публика, но по само 76 минути игра се повреди.
Можеше да се прочита од неговите усни дека рече „Неверојатно“. Сите во арената „Мир и пријателство“ беа во шок. Со помош на соиграчите излезе од теренот и веднаш замина во соблекувалната.
Олимпијакос по завршувањето на натпреварот потврди дека Еванс ја заврши сезоната. Против Жалгирис ја скина Ахиловата тетива.
Keenan Evans has suffered a rupture of his left Achilles tendon.
We’re all with you, Keenan — stay strong and come back even stronger! ❤️#OlympiacosBC #WeAreOlympiacos #TogetherWeFight pic.twitter.com/adxFDWZtI6
— Olympiacos B.C. (@Olympiacos_BC) November 12, 2025
Спорт
Драма во Битола, Еурофарм Пелистер го победи Пик Сегед
Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во Лигата на шампиони. Во седмото коло, во Битола, македонскиот првак го победи Пик Сегед со 25:24.
Одбраната на Пелистер, особено во првиото полувреме, на крајот беше клуч за победата. Блескаа зелените, во дефанзивата, во првите 15 минути му дозоволија Сегед да постигне само два гола, до крајот на првиот дел уште шест, па по 30 минути игра Пелистер имаше водство 11:8.
Вториот дел, во речиси целиот тек беше драматичен. Сегед се врати во натпреварот, во 36-та минута резултатот беше изедначен, а пет минути подоцна Унгарците прв пат на мечот поведоа (13:14).
Сегед имаше предност до 52-та минута, кога со два гола на Цехте и еден на Митревски, Пелистер повотрно стекна водство од два гола (22:20). Но Унгарците уште еднаш одговорија со серија од три гола. Пешевски два пати успеа да изедначи во последните три минути.
Во последната минута, Готфридсон направи грешка во чекори, а Радивојевиќ од пенал ги постави конечните 25:24.
Играчот на натпреварот Жарко Пешевски со седум гола од толку обиди го предводеше Пелистер, капитенот Кузмановски постигна четири.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Табела:

Спорт
Кошаркарките со победа стартуваа во квалификациите за Европското првенство
Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 година, женската сениорска репрезентација на Македонија славеше минималнаа, но голема победа над селекцијата на Данска 79:78.
Изедначено прво полувреме одиграа Македонија и Данска во премиерниот меч од групата „Ф“ од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.
Нашите девојки имаа почетна предност, во 9.минута од натпреварот, водеа со пет поени разлика (18:13), но им дозволија на гостинките од Данска со серија од (8-0) да го преземат водство, на истекот на првата четвртина имаа (21:18).
Во воедните де минути од втората, нивната позтива изнесуваше и највисоки девет поени (29:20),
Но Македонија ја имаше расположената Хемпе, која во тој дел од играта делуваше незапирливо. По нејзиниот 16.поен, намаливме на (29:33), а потоа на теренот во СРЦ „Кале“, и тоа во вистинско време се „појави“ и Илина Селцова. Како наш втор голем адут во фазата на нападот. По нејзината серија на поентирање во која собра дури 12.поени, во последната минута од првото полувреме, Македонија одново водеше, со (39:37), но првиот дел заврши со предност на Данска (39:40).
Хемпе и Селцова искомбинираа 28 од 29 поени на Македонија во тие 20.минути во кои, интересно, капитенот Митрашиновиќ беше без поени, но имаше шест успешни додавања.
Без промени, и во играта, а и низ резултатот се играше и во вториот дел. Двете репрезентации се менуваа во водството, но ниту една не направи некоја посериозна предност. Македонија имаше плус од три поени (51:48), по поентирањето на Стојановска (нејзин 10.поен), момент од 25.минута, но не и нешто повеќе од тоа.
Имавме постојано водство и во последнито период од европската премиера. Највисокото на три минути пред крајот, кога капитенот Митрашиновиќ постави на семафорот скор (74:68), но Данска се доближи на (76:77), кога до крајот останаа да се доиграат 68.секунди.
При резуллтат (79:78) Данска имаше 12.секунди да дојде до победата, Македонија успеа да се одбрани и да слеви голема победа.
За три дена, исто така во Скопје, во второто коло Македонија ќе ја пречека Грција.
Izvor/ https://mkd.basketball

