Македонија
(Видео) Адвокатите на обвинетите за смртта на Саздовски побараа изземање на судечкиот совет што го води случајот
Адвокатите Насер Рауфи и Асмир Алиспахиќ, кои ги застапуваат обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за смртта на Никола Саздовски, на денешното рочиште во судот побараа изземање на судечкиот совет што го води случајот.
По завршување на денешното рочиште за немилиот настан, адвокатот Асмир Алиспахиќ изјави дека обвинетите несомнено биле учесници во нападот на Никола Саздовски, но не се директни виновници за неговата смрт.
„Сведокот беше јасен и дециден. Во детали го опиша настанот, немало тепање по паѓањето на Саздовски како што е опишано во обвинението. Имало удирање и караница, но при неговото паѓање двајца се тргнале кон возилото, а еден само еднаш замавнал со ногата кон вратот и се тргнал. Оштетениот бил при свест кога тие се повлекле“, рече адвокатот Алиспахиќ.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

