Македонија
Светски ден на детето

Денеска, 20 ноември, е Светскиот ден на детето. Годинава заштитен знак на Светскиот ден на детето е сината боја.
Од канцеларијата на народниот правобранител по повод Светскиот ден на дедето преку соопштение велат да се облече сина маица, да се стави син беџ или мал син детаљ, со цел сè да биде во знакот на сината боја, со што ќе покажеме дека ги почитуваме децата или, како што велат, да го обоиме овој 20 ноември во сино.
„Да покажеме дека ги почитуваме нивните права: да одат на училиште и таму да бидат безбедни, да учат, да имаат слободно време, да учествуваат во донесувањето на одлуките што се однесуваат на нив, да се чувствуваат како дел од заедницата, семејството, да научат да разговараат, да си простуваат, да сакаат и да бидат сакани. Кусо кажано, да им дадеме до знаење колку се тие важни за општеството, за неговиот просперитет/развој. Но, и да им покажеме дека секогаш сме тука да им помогнеме и да ги заштитиме, особено денес во ерата на масовното ширење на социјалните медиуми, кои имаат и позитивно, но и негативно влијание врз нив. Да ги научиме како да ја користат оваа нова алтка за комуницирање, но и како да ги спознаат опасностите што ги демнат“, се наведува во соопштението на народниот преавобранител.
Народниот правобранител, се додава во соопштението, и годинава ја користи оваа пригода на Светскиот ден на детето да потсети на важноста на процесот на воспитување на децата, од нивното вклучување во сите текови на општеството, од потребата за нивна заштита од насилството како во училиштата така и во семејството затоа што само здрава изградена личност може да создава здраво, демократско толерантно општетство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Се виде кој вистински управува со СДС, тоа е Зоран Заев, а Венко Филипче е само нем послушник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев. Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ.
Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.
А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.
Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес.
За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.
Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.