Македонија
„Анима мунди“ со законски измени за Законот за заштита на животните
Организацијата за заштита на животните „Анима мунди“ изготви и до надлежните институции достави коментари и предлог-законски измени на постојниот закон за заштита и благосостојба на животните со цел суштинско и квалитативно унапредување на законот и изнаоѓање трајно и хумано решение за проблемот со бездомните животни во Македонија.
Од „Анима мунди“ велат дека амандманите се изработени од нивното здружение и дека се поддржани од 11 македонски здруженија за заштита на животните. Предложените законски решенија, како што додаваат, се меѓусебно поврзани, лесно применливи и прават една сеопфатна правна и апликативна целина.
Во фокусот на предложените законски измени се:
1. Регулирањето на одговорното сопствеништво и дефинирање забранети постапки затоа што неодговорното чување миленици (неконтролиран расплод/напуштање/немање никаква евиденција) се причинител број 1 за постоење на овој проблем.
2. Јасна децидна забрана за евтаназија како механизам за справување со бездомната популација затоа што откако знаеме се применува и не донела резултат, го продлабочила проблемот, дала можност на надлежните (општините) наместо трајно решавање, само да симулираат привидно намалување фокусирајќи се на краткорочни ефекти (на пример, само за времетраење на сопствениот мандат), а потоа драстично продлабочување на проблемот.
Рутинското убивање не само што не го решило проблемот, туку ги изложил/ги изложува граѓаните на опасност. Во овој контекст не само земји како Романија, Бугарија, Унгарија, туку и Македонија е пластичен пример и показател за неуспех кој се должи на континуирана примена на погрешни мерки и стратегии.
3. Воведување нови законски одредби кои би овозможиле примената на законот да биде пофлексибилен, општините во недостиг на финансиски средства или инфраструктура или по процена на ефект да може да спроведуваат програма за намалување на бројката на бездомни животни во соработка со здруженија, ветеринарни станици, граѓаните (на пример, ваучер-систем или мобилни клиники што би опслужувале повеќе општини и сл.). Ова го сметаме за исклучително важно бидејќи досега Законот оневозможува сè друго, освен дејствување во рамките на стационари, што е скапо, непотребно, неодржливо.
Со законот да се дозволи здруженијата за заштита на животните да стерилизираат бездомни животни. Од здружението потенцираат дека ова досега не им било дозволиво со закон, иако сакале само да помогнат, инспекциски служби вршеле проверка дали стерилизираат противправно бездомни животни бидејќи, како што велат, тие не биле надлежни.
Бараат со законот да се дозволи соработка со меѓународни организации и нивно ангажирање во земјата со цел намалување на бројката на бездомни животни. Според здружнието, ова е неопходно со цел во иднина повторно да не се пропуштаат шанси, како понудите за помош од најсилни меѓународни организации, „Ворлд вет“ и ЕНПА.
4. Законско овластување на здруженијата за заштита на животни за спроведување одредени одредби на законот, вршење надзор, проверка на одговорното сопствеништво, т.е. измени од кои би произлегла можноста за наменски овластена служба за заштита на животните формирана од претставници на здруженијата за заштита на животни. Во моментот единствено надлежна да постапува во случаи на мачење, злоупотреба, занемарување, неодговорно сопствеништво и напуштање на животните во Република Македонија е ветеринарна инспекција при Агенцијата за храна и ветеринарство. Меѓутоа, ветеринарна инспекција има десетици други надлежности и не е специјализирана за заштита на животните. Како последица на тоа, сведоци сме на неодговорно сопствеништво, кое е основен причинител за постоење бездомни животни на улиците; нелегална купопродажба на животните, борби со кучиња, пред сè, во руралните средини, при што повеќе “неупотребливите“ единки најчесто завршуваат на улица, како и исклучително многубројни и екстремни случаи на насилство врз животните во Р. Македонија, кои без двоумење укажуваат на агресија и насилство во македонското општество – девијантни појави кои е неопходно да се превенираат или кои доколку се случат, неопходно е да бидат строго санкционирани. Таквите случаи се најчесто истражувани, откривани и пријавувани од здруженијата за заштита на животните. За жал, фактичката состојба укажува дека по нив не се постапува соодветно, т.е. дека иако здруженијата ги евидентираат и пријавуваат, случаите не добиваат адекватна правна завршница.
Имајќи ги предвид досегашните трагични и негативни случувања, како и заклучокот на Владата од 6 ноември, МЗШВ, АХВ и ЗЕЛС, во соработка со здруженијата за заштита на животните, да изнајдат законско решение за трајно решавање на проблемот со кучињата скитници, од „Анима мунди“ се надеваат дека конечно и сериозно ќе се земат предвид нивните предлози, кои, како што велат, се исклучиво во интерес на граѓаните и хуманиот третман на животните во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

