Спорт
Косово со историски успех стана последниот противник на Македонија (видео)
Косово лесно се „справи“ со Азербејџан за да стигне до 4:0 победа и да обезбеди влегување во Лига Ц во Лигата на нации на УЕФА, и стана еден од потенцијалните противници на Македонија во борбата за пласман на Европското првенство во 2020 година.
На Кос…

Косово лесно се „справи“ со Азербејџан за да стигне до 4:0 победа и да обезбеди влегување во Лига Ц во Лигата на нации на УЕФА, и стана еден од потенцијалните противници на Македонија во борбата за пласман на Европското првенство во 2020 година.
На Косовците им беше потребно само реми во дуелот со Азербејџан за да го направат најголемиот успех во кратката историја на националниот тим и со овој резултат непоразени ја минуваат групата 3 од Лига Ц, каде што беа и Малта и Фарски Острови. Ова е историски успех за младата репрезентација, која ја предводи швајцарскиот стручњак Бернар Шаланд.
Косово, заедно со Македонија, Грузија и Белорусија ги освоија првите места во Лигата Д, што значи дека ако не успеат да се квалификуваат за Евро 2020 преку обичните квалификациски групи, една од четирите репрезентации сигурно ќе биде на првенството преку мини-турнир следната година.

Во отсуство на возбуди во Лига А, бидејќи Португалија веќе го обезбеди првото место и пласман во фајнал форот пред мечот со Полска, поинтересно беше во борбата за првите места во пониските лиги.
Шведска со 2:0 ја победи Русија за да го „грабне“ првото место во Лига Б и да обезбеди место во елитата, Србија го потврди првото место во 4. група во Лига Ц со доминантата 4:1 победа над Литванија, додека Шкотска до крајот се „тресеше“ за 3:2 победа над Израел и пласман во Лига Б.
ЛИГА НА НАЦИИ, 7.КОЛО
ЛИГА А, ГРУПА 3
Португалија – Полска 1:1
Табела: Португалија 8, Италија 5, Полска 3
ЛИГА Б, ГРУПА 2
Шведска – Русија 2:0
Табела: Шведска 7, Русија 7, Турција 3
ЛИГА Ц, ГРУПА 1
Шкотска – Израел 3:2
Табела: Шкотска 9, Израел 6, Албанија 3
ЛИГА Ц, ГРУПА 4
Црна Гора – Романија 0:1
Србија – Литванија 4:1
Табела: Србија 14, Романија 12, Црна Гора 7, Литванија 0
ЛИГА Д
Косово – Азербејџан 4:0
Малта – Фарски Острови 1:1
Табела: Косово 14, Азербејџан 9, Фарски Острови 5, Малта 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Помалиот“ клуб од Париз го елиминира ПСЖ од Купот на Франција
Фудбалерите на Пари Сен Жермен, во 1/16-финалето доживеаја елиминација од Купот на Франција, што, само по себе, претставува вистинска сензација.
„Џелатот“ на европските шампиони и беше градскиот ривал, Париз ФК, чиј стадион е оддалечен само 20 метри од „Паркот на принцовите“.
Интересно е што овие два тима одиграа натпревар од Лига 1 на истото место пред осум дена и тогаш „светците“ победија со 2:1, но сега помалку познатиот тим од „градот на светлината“ беше подобар со минимален резултат – 0:1.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Џонатан Иконе, напаѓач кој беше принуден да влезе во игра во 40-та минута, наместо повредениот Гори.
Во 74-та минута, по додавање од Кебала, Иконе им донесе предност на гостите, на што ПСЖ немаше одговор.
Иако Луис Енрике ги имаше на теренот Хвича Кварацхелија, Бредли Баркола, Гонзало Рамос, Фабијан Руиз, Витиња, Усман Дембеле и Дезире Дуе од 65-та минута, никој не успеа да најде пат до мрежата.
Foto/ EPA
Спорт
Астон Вила извиси, Галагер се сели во Тотенхем
Конор Галагер го напушта Атлетико Мадрид, но кариерата нема да ја продолжи во Астон Вила туку во Тотенхем.
Играчот редот за врска, за чии трансфер пред 18 месеци од Челзи, „јорганџиите“ издвоија 42 милиони евра, не се снајде во системот на Чоло Симеоне.
Атлетико даде дозвола трансферот да биде реализиран.
Инаку, во текот на вчерашниот ден информациите говореа дека Галагер ќе оди кај Унаи Емери во Астон Вила.
Планот се смени во последен момент, бидејќи Тотенхем се јави да го октупи договорот на Галагер, нешто што Вила не сакаше да го направи. Клубот од Бирмингем понуди два милиони евра за позајмица, со право на откуп по завршувањето на сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека Галагер во текот на денот ќе пристигне во Лондон, а кога ќе ги заврши лекарските прегледи ќе потпише договор со Тотенхем.
Спорт
Реал скапо ќе го плати отказот на Алонсо
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42).
Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.
Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.
За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.
Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.
Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.
Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.

