Спорт
Кубица се договорил со Вилијамс
Полскиот автомобилист Роберт Кубица наредната сезона ќе вози за тимот на Вилијамс во шампионатот на Формула 1. Оваа информација официјално е биде потврдена за неколку дена, пред трката за Големата награда на Абу Даби.
Кубица, по пауза од осум години, п…

Полскиот автомобилист Роберт Кубица наредната сезона ќе вози за тимот на Вилијамс во шампионатот на Формула 1. Оваа информација официјално ќе биде потврдена за неколку дена пред трката за Големата награда на Абу Даби.
Кубица, по пауза од осум години, повторно ќе се трка во Формула 1. Неговата кариера беше прекината поради тешките повреди на десната рака што ги доби на рели-трка во Италија.
Тоа што движењата со десната рака му се лимитирани не му пречи повторно да седне во болидот.

Првпат по несреќата минатата година, Рено му овозможи да го тестира нивниот болид. Бидејќи постигна добри резултати, тој беше во конкуренција за возач на Вилијамс и пред почетокот на актуелната сезона, која ќе заврши в недела во Абу Даби.
Сепак, Вилијамс реши, покрај Ленс Строл, да вози Русинот Сергеј Сироткин. Од овој тим тогаш не ја исклучија можноста Кубица да добие шанса да вози за нив поради што и го задржаа како тест-возач.
Покрај Кубица, наредната сезона за Вилијамс ќе вози и Џорџ Расел.
Роберт Кубица последен пат во болид на Формула 1 се тркаше во ноември 2010 година. Дебито на патеките го имал во 2006 година на трката за Големата награда на Унгарија. До несреќата во 2010 година стартувал на 76 трки како возач на Заубер и Рено. Најголемиот успех го забележал во 2008 година кога победил на трката за Големата награда на Канада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе и Камавинга го напуштија кампот на репрезентацијата
Француските фудбалери обезбедија пласман на Светското првенство едно коло пред крајот на квалификациите, откако остварија убедлив триумф од 4:0 над Украина.
Килијан Мбапе беше еден од најзаслужните за пласманот на „триколорите“ на Светското првенство, но во меѓувреме се здоби со лесна повреда.
Станува збор за воспаление на зглобот, а со оглед на тоа што визата за САД, Канада и Мексико е веќе обезбедена, нема потреба најдобриот играч на Франција да се изложува на ризик во натпреварот од последното коло од Групата Д со Азербејџан (недела, 18.00 часот).
26-годишникот веќе се врати во Мадрид, каде што ќе се одмори и ќе ја санира повредата пред да ги продолжи клупските обврски.
Заедно со Мбапе, во Мадрид се врати и Едуардо Камавинга, неговиот соиграч од Реал.
„Камавинга претрпе истегнување на тетивата на левата нога. Мбапе сè уште страда од воспаление на десниот глужд, што бара дополнителни тестови. Тие ќе бидат подложени на нови тестови денес во Мадрид“, се вели во соопштението на Француската фудбалска федерација.
Спорт
Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар
Ландо Норис и Оскар Пјастри водат голема борба за титулата во шампионатот во Формула 1.
Двајцата се возачи на Мекларен и тоа ја прави борбата уште поинтересна. Моментално, Норис има предност од 24 поени, а до крајот на шампионатот остануваат уште три трки.
Многумина мислат дека постои големо соперништво меѓу Норис и Пјастри надвор од патеката. Сепак, младиот Австралијанец го негираше тоа.
„Ландо и јас одлично се согласуваме. Мислам дека нашиот однос никогаш не бил подобар. Причината е едноставна. Три години сме клупски колеги и секој ден се запознаваме сè подобро и подобро“, рече Пјастри.
Следната трка во шампионатот е на 22 ноември, во Лас Вегас.
Спорт
Гатузо им се налути на навивачите
Селекторот на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, остро одговори на критиките, бидејќи неговиот тим го скрши отпорот на Молдавија (0:2) во квалификациите за Светското првенство во финиошт с голови во 88-та и 93-та минута.
Додека резултатот сè уште беше 0:0 кон крајот на натпреварот, мала група италијански навивачи почна да протестира, скандирајќи им на играчите „да одат на работа“. Гатузо не се согласи со нивните критики, нагласувајќи дека тимот играл добро.
„Протестите на навивачите се срамота, жал ми е за она што го слушнав. Ова не е време да им кажуваме на играчите да одат на работа. Мора да останеме обединети бидејќи тимот се мачи на теренот, а да слушам 500 навивачи кои зборуваат секакви работи е нешто што не го прифаќам“, рече Гатузо.
Италија сè уште може, во теорија, да се квалификува за Светското првенство како победник во Група И. Тие се три бода зад Норвешка, нивниот следен и последен противник во групата, но ќе им треба многу убедлива победа (со разлика од девет гола) за да ја поништат гол-разликата. Затоа, „аѕурите“ ќе ја бараат својата шанса преку баражот.
Италијанската репрезентација последен пат учствуваше на Светското првенство во 2014 година. Ги пропушти турнирите во 2018 и 2022 година по тешките порази во плејофот од Шведска и Македонија.

