Спорт
Мунијаин и Атлетик ја продолжија соработката
Икер Муниаин во средата ја продолжил верноста кон единствениот клуб во неговата кариера, Атлетик Билбао.
Еден од најголемите таленти на шпанскиот фудбал, кого повредите го спречија да го покаже сиот свој потенцијал, ја продолжил соработката со Атлетик …


Икер Мунијаин во средата ја продолжил верноста кон единствениот клуб во неговата кариера, Атлетик Билбао.
Еден од најголемите таленти на шпанскиот фудбал, кого повредите го спречија да го покаже целиот свој потенцијал, ја продолжил соработката со Атлетик на дополнителни пет години.
Изминатиот период интерес за Мунијаин имаше кај неколку европски великани, меѓу кои беа Ливерпул и Наполи.
Мунијаин за Атлетик дебитира на 30 јули 2009 година, во квалификацискиот меч за Лига Европа, против Јанг Бојс.
Иако има 25 години, досега има одиграно 357 натпревари и постигал 51 гол за Атлетик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Англија ќе има шест претставници во Лигата на шампионите

Англиската Премиер лига, заедно со шпанската Ла Лига, обезбедија пет места во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 поради најдобриот коефициент на УЕФА.
Во новиот систем на натпреварување, откако Лигата на шампионите беше проширена од 32 на 36 клуба, две дополнителни места секоја сезона одат во лигите со најдобар коефициент.
Минатата година, Болоња и Борусија Дортмунд профитираа од ова правило, и како петти во Серија А и Бундеслигата, добија директен премин во елитата.
Сега англиската и шпанската лига добија право на пет претставници, а како што стојат работите, Англија ќе има дури шест во Лигата на шампионите следната сезона.
Познато е дека победникот од Лигата на Европа оди директно во Лигата на шампионите, а би морало да се случи вистинско чудо за да не се сретнат Манчестер Јунајтед и Тотенхем во финалето на тоа натпреварување.
Јунајтед го победи Атлетик со 3:0 во првиот натпревар од полуфиналето синоќа во Билбао, додека Тотенхем го победи Боде/Глимт со 3:1 во Лондон. Реваншите ќе се играат следниот четврток.
Во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед е 14-ти на табелата, додека Тотенхем е на 16-та позиција и јасно е дека не можат да ја завршат сезоната во првите пет екипи, па тоа ѝ отвора пат на Англија да испише историја со шест клуба во Лигата на шампионите.
Финалето на Лигата на Европа ќе се игра на 21 мај во Билбао.
Спорт
(Видео) Брансон со тројка ги реши Детроит Пистонс

Кошаркарите на Њујорк Никс, трет пат во плеј-офот славеа во Детроит и со 4:2 ја добија серијата против Пистонс. Изминатата ноќ, благодарение на Џејлен Брансон, Никс победија со 116:113.
Најдобриот кошаркар на Никс оваа сезона со тројка во финишот го реши победникот. .
Никс обезбедија пласман во полуфиналето на конференцијата, каде што нивен ривал ќе биде тимот на Бостон, кој без поголеми проблеми го елиминираше Орландо.
Плејмејкерот на Њујорк постигна 40 поени на овој натпревар, со скромни 3/10 шут за три поени. Покрај тоа, тој запиша седум асистенции и два скока. Во тимот на Никс, Микал Бриџис исто така беше расположен со 25 поени, додека Ануноби имаше 22 поени.
Кејд Канингем повторно се истакна за Детроит, кој во овој случај постигна 23 поени, додека Џејлен Дурен имаше 21 поен, а Малик Бизли имаше еден помалку.
Спорт
Пресврт – Бразилците се во преговори со Анчелоти

Претставници на Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) преговараат со Карло Анчелоти, но тие разговори се комплицирани од фактот дека италијанскиот тренер има договор за уште една сезона со Реал Мадрид, потврдија два анонимни извори од CBF за агенцијата АП.
Еден извор изјави дека претседателот на Кофедерацјата, Едналдо Родригез, и директорот на репрезентацијата, Родриго Каетано, учествуваат во преговорите со Анчелоти.
Бразил е без селектор од 28 март, бидејќи Доривал Жуниор беше отпуштен три дена по поразот од Аргентина (1:4) во Буенос Аирес.
„И тие ги држат преговорите под контрола. Јасно е дека засега нема договор со никого“, изјави изворот за АП, додавајќи дека CBF „не брза“.
Тој призна дека во Бразил се надеваат дека ќе добијат нов селектор на фудбалската репрезентација пред 20 мај, кога треба да биде објавен составот за двата квалификациски натпревари за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во јуни.
АП наведува дека бразилските медиуми објавија дека Португалецот Жорж Жесус, кој моментално е тренер на Ал Хилал, е алтернатива доколку преговорите со Анчелоти не успеат.