Македонија
Движењето Беса: Предлог-буџетот не ги задоволува потребите на Албанците
Предлог-буџетот за в година е уште еден буџет што ги дискриминира Албанците, истакна Движењето Беса денеска на прес-конфенција.
Според нив, овој предлог-буџет како најголем во историјата на Македонија не предвидува зголемување на капиталните инвестиции во пропорција со зголемувањето на буџетот.
„Владата како предлагач со нејзините амбициозни математики во составувањето на овој предлог-буџет не се потпира во фактичката реалност што ја имаме во државата. Иако Владата прокламира социјален буџет, таа не се придржува до своите ветувања бидејќи зголемувањето на платите не го предвидува како што беше ветено“, велат од Беса.
Партијата додава дека буџетот не ги задоволува потребите на Албанците, почнувајќи од процесот на децентрализација, кој не е успешно завршен.
„Општините се соочуваат со недостиг на финасиски средства за реализирање на нивните проекти, а со тоа нивното функционирање станува сè потешко. Самиот факт на простување на долговите на општините со посебен закон кажува за тешката состојба во нивното функсионирање. Треба да потенцираме дека овие долгови општините ги направиле на нетранспарентен начин и тоа не било во интерес на граѓаните“, смета Беса.
Албанските општини, како што ги нарече Беса, добиват нула проценти од средствата од централниот буџет како блок-дотации за домовите за стари лица, околу 1 отсто како блок-дотации за дејности од областа на културата, околу 12 проценти од наменските дотации за пожарникари, приближно истиот процент за блок-дотациите за детска заштита, додаде партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

